Реката Сава во следните неколку години ќе стане најважен извор на електрична енергија за северозападна Хрватска и јужна Словенија.
Во рамките на Стратегијата за енергетски развој на Хрватска, на почетокот на 2013 година е планирано да започне проектот на изградба на четири хидроцентрали на загрепското подрачје, кои би биле изградени во рок од осум до 15 години.
Инвестицијата се проценува на 700 милиони евра, а голем дел од парите би дошле од фондовите на Европската унија. Годишното производство на овие четири хидроцентрали би било околу 610 гигават часови, што е скоро една четвртина од сегашната потрошувачка на струја на подрачјето на Загреб, пишува Вјесник.
Словенија на т.н. долна Сава веќе има изградено две хидроцентрали, ХЕ Кршко е во изградба, до 2018 година планира да изгради уште две. Така Словенија уште сега искористува 22% од водениот капацитет на Сава, кој покрива 5% од словенечките потреби за електрична енергија.
Преземено од: КАПИТАЛ