Пред две години се започна со реконструкцијата на познатиот симбол на Париз – Ајфеловата кула. Реконструкцијата е поверена на архитектонскиот биро “Moatti- Rivière” а самата реконструкција треба да се заврши до крајот на оваа година.
Основната цел на проектот е комплетна реконструкција на првиот кат на кулата. Ќе се користат обновливите извори на енергија и исто така ќе се создаде посебен дел за учење. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 35 милиони долари. Реконструкцијата ќе го опфати сите елементи на првата етажа – влезниот дел, продавниците и ресторанот.
По реконструкцијата, на првиот кат ќе се наоѓа голема конференциска сала, кино со 200 места и центар за посетители. Се ќе биде поврзано со стаклени патеки, кој што ќе даваат убава глетка. Реконструкцијата, како што рековме ќе опфати и користење на обновливи извори на енергија. Ќе се постават сончеви панели за искористување на сончевата енергија, како и четири ветерни генератори. Исто така ќе се инсталираат системи за собирање на дождовница. На првиот кат ќе се вгради ЛЕД осветлување за да се зголеми комплетната енергетска ефикасност на кулата.
Извор:efikasnost.org
Извор на сликите: moatti-riviere.com