Скопје, 25.09.2014: ЕВН Македонија и оваа година работи на изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и реканскиот регион. Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струга досега изгради над 5 км. дистрибутивна мрежа на ниско и средно напонско ниво.
Реконструирани се 13 трафостаници, изградени се нови 4 компактно бетонски трафостаница и направена е реконструкција на дел од постојната мрежа. Извршена е и дислокација на над 1000 мерни уреди, со што во едно се реконструира и ниско напонската мрeжа и се воведува ред во користењето на електричната енергија.
Модернизирање на дистрибутивната мрежа е направено во Струга – с. Велешта, населбата Мислешево, селата Добовјани, Горно и Долно Татеши, Делогожда, Богојци и Малесијата,