Еден од најчестите проблеми со кој секој кој поседува печатар се има соочено е снемувањето на боја баш во моментот кога најмногу треба. Ким Јунгсанг, Ли Сенунгин, Јунг Хосунг и Доа Јонг се имињата на четворицата Корејски иноватори кои со својата иновација сакаат од корен да ја променат целата индустрија која се занимава со производство на печатачи. Нивната иновација е толку радикална и невообичаена што ако еден ден влези во сериско производство би свртела наопачку една цела индустрија.
Основната идеја е да наместо кертриџ печатарот користи сончеви зраци. Така штампањето ќе се врши со помош на насочените сончеви зраци кои ќе треба да го отпечатат она што ќе го добијат како наредба од комјутерот. За пример за подобро разбирање на процесите може да се направи споредба со лупа и лист хартија ставен под неа кога изложени на сончева светлина. Прво што ќе се направи е хартијата ќе оцрни а потоа иди до запалување. Разликата е што кај соларниот печат не доаѓа до запалување на хартијата и што наместо оцрнување на хартијата може да се искористи тој ефект за печатење на текст или други форми.
Иако нејзините иноватори уверуваат дека технолгијата работи без проблем, прашање е колку еден таков производ би се вклопил во плановите на големите корпорации кои се главен двигател во потрошувачко опшество како денешното. Печатар кој нема потреба од електрична енергија, нема потреба од кертриџ, има малку подвижни делови што значи помалку шанси за расипување е производ кој иако идеален за потрошувачите сосема излишен за големите корпорации.