Центарот за истражување и креирање политки во рамки на ИПА проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“, од 15-17 мај во Битола, во Центарот за култура, организира Саем на енергетска ефикасност. На саемот ќе се презентираат низа компании од републикава кои работат и делуваат во доменот на енергетската ефикасност и одржливото користење на енергијата, банки кои нудат кредитни линии за оваа намена, како и невладини организации со искуство во спроведување проекти од ова поле. Дополнително, како излагачи ќе настапат и компании од Р. Албанија.
На саемот се предвидува да се одржат и неколку јавни дебати за тоа како да се надминат предизивицте со нерационалното постапување со енергијата. Не заборавивме и на едукативната компонента, па така не заборавајте да ги понесете и своите најмили и најмалди! За нив предвидуваме наменски работилници, како и квиз после кој оние со силна меморија, ќе бидат пригодно наградeни.
Одлична можност на лице место да се прошират видиците за тоа како да ја намалиме потрошувачката на енергија, а истовремено и да заштедиме пари.
Извор на фотографијата: informagiovani.it