Рециклажа е процес во кој од отпадот се издвојуваат материјалите кои повторно можат да се искористат и истите се користат. Ова е веројатно неједноставната дефиниција за тоа што преставува рециклажата. Самиот процес вклучува собирање, селектирање и преработка на материјалите како би се користеле за производство на нови производи. Најчесто рециклирани материјали се хартија, стакло, картон, пет пластика, метали. Од непроценливо значење е заштедата на енергија која се генерира како последица на процесот на рециклирање, како и влијанието врз животната средина. Во продолжение неколку факти за кои можебии сте знаеле, а можеби не, а се поврзани со рециклирањето.
- Со преработка на стара хартија се заштедува околу 60% енергија кој би била потрошена за да се добие истиот производ од природен материјал.
- Со рециклирање на еден тон канцелариски материјал се спасуваат 17 стебла на дрва, а при тоа се заштедува околу 4,200 kWh електрична енергија, како и преку 32,000 литри вода.
- За разложување на хартиена чаша е потребно околу половина година, додека за разложување на пластична чаша е потребно повеќе од 100 години.
- За разложување на волнени чорапи и метални конзерви потребно е околу 5 години, додека за пластика потребно е од 10 до 50 година (зависно типот на пластика), за најлон 40 години, додека за разлагање на кожа потребно е 50 години.
- За разлагање на мастика за џвакање е потребно од 20 до 25 години.
Стаклото е материјал кој може да се рециклира безброј пати. Со рециклирање на една стаклена чаша (според некои експерти) би се заштедило доволно енергија за една сијалица од 100 вати да би светела четири полни часа. Ако се земе предвид дека околу 28 милијарди стаклени чаши и шишиња одат на отпад секоја година, може да претпоставите за колкави заштеди станува збор. За материјалите кои не можат да се рециклираат повеќе во некој нареден текст во 2012 J