Ветерните централи кој што се поставуваат на отвореното море, комбинираат чисти, зелени, еколошки неутрални предности на копнените ветерни централи, а во исто време истите се помалку, пред се визуелно видливи. За разлика од своите „пријатели“ кој што се поставуваат на копно, кој што можат да пречат на луѓето, поставувањето на ветерни турбини на отворено море може само да му пречи на ситните ракчиња и други морски животни. Она што мораме да знаеме да покрај своите предности, ветерниците кој што се поставуваат на морето се поскапи од ветерниците кој што се поставуваат на копното. Овој факт го ограничува развојот на овој сектор. Од овие причини платформата за ветерните турбини наречена „Seatower Cranefree“ претставува чекор напред во развојот на оваа индустрија. Оваа платформа е поевтина и полесна за поставување, а не бара специјализирана техника и опрема за поставување. Оваа платформа овозможува значителен пораст на профитабилноста отколку до сега.
Ветерните централи, денес претставуваат најевтин, најзелен и стабилен вид на генерирање а енергија. Една модерна ветерна турбина може да напојува повеќе од неколку илјади станбени куќи и во последно време станува битен дел во вкупниот енергетски микс.
Ветерните турбини кој што се поставуваат на морето се подобро од оние кој што се поставени на копното пред се кога ќе се споредат перформансите а во исто време тие се подалеку од очите на конзервативните луѓе кој што на ветерниците гледаат како на пречка а не на предност. Чудно е како конзервативните политичари сметаат дека термоцентралите на јаглен не претставуваат толку голема пречка.
Доколку ги споредуваме трошоците за поставување на ветерни генератори, ветерниците на морето се значително поскапи од своите претставници на копното. За почеток темелите, поточно базата на која што ќе се поставуваат ветерниците, се огромни – тие тежат и до 650 тони и се потребни големи бродови кој што ќе ги транспортираат. Исто така, овие темели бараат ангажирање на ретка и специјализиран опрема која што е исто така скапа.
Темелите на норвешката компанија „Seatower“ нудат поевтин процес на инсталација, кој што функционира на следен начин: Прво базите се произведуваат масовно и се монтираат на копното. По овој процес шупливите бази се спуштаат во морето. Од таму тие се носат до местото каде што треба да се постави ветерниот генератор. Бродовите за транспорт на ваков вид на бази се мали и евтини.
Кога ќе се донеси до местото каде што ќе се постави ветерницата, се отвора вентил и водата се пушта во базата. Челичното здолните ја покрива базата и се вкопува во морското дно и во исто време бетонскиот микс се поставува во процепот помеѓу базата и морското дно за да се обезбеди 100% контакт помеѓу базата и морското дно.
По овој чекор на врвот на структурата се поставува суспензија од песок додека не се добие целна тежина која што треба да се движи помеѓу 6.000 и 7.000 тони. Со овој процес базата е спремна за поставување на ветерната турбина.
Овој процес на поставување на ветерница, не бара ангажирање на подморници или на нуркачи и исто така не бара пробивање на морското дно за да се постават темели.
„Базата за ветерните турбини Seatower Cranefree Gravity најмногу се применува во длабочини во распон од 35-80 метри“, изјави Niels Brix од компанијата
„Seatower“. „Меѓутоа доколку имате камено морско дно можете да го користите и на длабочини помали од 35 метри“.
Оваа технологија ќе почне да се применува од 2015 година и ќе биде поставен во ветерниот парк Fécamp ветерен парк во непосредна близина на Нормандија. Брик верува дека едноставниот процес на поставување на базата за ветерните турбини, ќе има големо влијание на високите цени од произведената електрична енергија од ветерните генератори. „Нашите платформи се полесни и поевтини за поставување од стандардните железни структури кој што бараат специјална опрема за поставување“.
Западната Европа, Скандинавија и Британските острови нудат непосредни можности за искористување на ветерната енергија, Брик додава дека „Seatower“ има глобални амбиции. „Постои голем број на локации во Северна Америка и Азија кој што ни се интересни“.
Во овој момент, ветерниците кој што се поставуваат на море се поскапи и се на граница на профитабилност. Доколку компаниите како што се „ Seatower “ и други компании, можат со своите решенија да ја намалат инвестицијата сигурно е дека ќе бидеме сведоци на се поголем број на ветерни генератори.
Извор: build.rs