Како едни од возилата кои мошне малку влијаат врз околината хибридните автомобили се доста често предмет на анализа на блогот енергетска ефикасност. Во продолжени еден краток осврт на еден од денес најпознатите хибриди шевролет волт придружено со статистики и изјави на сопственици на овој хибрид. Впрочем не било кој сопственик туку буквално првиот човек кој си купил Шевролет Волт. Џефри Кафи, пензиониран авио пилот, е човекот кој пред две години беше првиот кој си набави нов шевролет волт.
После него следеа и други кои го купија овој хибрид но неговото име ќе биди засекогаш запишано како прв сопственик на шевролет волт. Од тогаш тој поминал нешто повеќе од 12.000 милји или речиси 20.000 километри. Притоа во текот на двете години тој потрошил вкупно 26,1 галон на бензин или во литри 98,5. Така доаѓа дека тој трошел по 3.8 литри бензин секој месец или речиси 200 километри со еден литар бензин. При тоа мора да се спомене дека ова е само статистика од еден сопственик на шевролет волт со специфични возачки навики. Доколку би бил некој друг таа потрошувачка би била поголема додека кај други би била уште пониска. Така доколку поголемиот дел од рутите се во опсег на шеесетината километри кои можат да се поминат со едно полнење на батериите потребата од работа на бензинскиот мотор може да биди уште помала.
Покрај господинот Кафи релевантен извор на информации за реалните перформанси на Шевролет Волт се отценките од една од најнезависните веб страни на интернет consumer report каде што се рангира речиси се и сешто. Така според нивните податоци сопственицитее на шевролет волт кои биле прашани дали повторно би го избрале истото возило доколку би се вратиле наназад во времето, 92% од нив одговориле дека повторно би го купиле истото возило. Податок кој зборува многу за квалитетот и перформансите на овој хибрид. Исто така мора да се спомене дека за да се наполнат батериите на шеви волт во Америка се троши електрична енергија во износ од $1,5 или во денари нешто помалку од 100 денари во зависност од односот долар/денар. Со едно полнење на батериите може да се поминат речиси 60 километри, после тоа се вклучува бензинскиот мотор.
Што се однесува до Македонија на страната на овластените увозници на шевролет не пишува ништо за шевролет волт или дали можи да се набави преку нив. Исто така мора да се спомене дека речиси секаде во светот од страна на државите се субвенционира купување на хибридите додека кај нас не е ни тема на дискусија иако загадувањето е голем пробем во поголемите градови низ Македонија.
One Comment
slave
Така е бидејки нафтената мафија царува во Македонија