ESCO или Energy service company е бизнис кој обезбедува широк спектар на паметни енергетски решенија, вклучувајќи дизајн и имплементација на проекти за заштеда на енергија, енергетска инфраструктура, производство и дистрибуција на електрична енергија и справување со ризици. ESCO (компанијата) врши длабока анализа на имотот, дизајнира енергетски ефикасно решение, ги вградува потребните елементи и го одржува системот за време на периодот на враќање на инвестицијата, со цел обезбедување на енергетска заштеда. Остварените заштеди обично се користат за враќање на инвестицијата или за реинвестиција во градбата за обновувања кои инаку би биле скапи.
Како работи?
Сè започнува со избор на ESCO компанија која прави првичен преглед на објектот кој сакате да го обновите. На основа на извршените мерења и увид во дотогашната потрошувачка, ESCO прави проект за заштеда на енергија. Потоа ESCO ги одредува заштедите кои би се постигнале и ги претставува на корисникот. Доста чест начин на пресметување на заштедата е да се мери одреден период искористената енергија на она место што е предвидено за обновување и потоа тие резултати да се применат на стандардизирани табели. Но, овој метод не секогаш е применлив. Понекогаш потребно е да се мерат голем број на параметри, посебно ако се работи за голем проект, а понекогаш едноставно најдобар начин да се проверат заштедите е да се види состојбата на новите сметки за електрична енергија. Затоа меѓународните протоколи предвидуваат 4 начини (опции) за утврдување на енергетските заштеди, дадени во долната табела.
Опис |
Типична примена |
|
Опција А | Заштедите се утврдуваат со делумно мерење на потрошената енергија. Само некои од параметрите се утврдуваат. | Замена на осветление. Се утврдува вкупната моќност пред и после замената. Бројот на часови на работа најчесто се одредува по договор. |
Опција B | Заштедите се утврдуваат со мерење на потрошената енергија. | Нова пумпа со променлива брзина. Потрошувачката на енергија се мери со броило поставено на изворот за напојување на пумпата. |
Опција C | Заштедите се утврдуваат со мерење на потрошената енергија на конкретен уред. | Поголем број на измени кои влијаат на голем број системи во објектот. Се користат сметките. |
Опција D | Заштедите се утврдуваат со правење симулација на објектот. Се користи кога нема претходни информации за потрошувачката на енергија. | Реновирање на напуштен објект, каде нема информации за потрошувачката во претходните години. |
Заштедите предвидени да се остварат (или се остваруваат) обично се движат меѓу 15% и 35%. Доколку проектот не го обезбеди предвидениот поврат на инвестиции, ESCO е најчесто должна да ја надополни разликата.