Иако постојат различни видови на пелети и брикети, кога се користи овај термин се однесува на дрвени пелети и брикети. Брикетите и палетите имаат ист состав – направени се од дрво, но постои голема разликата во нивната големина. Иако големината на пелетите и брикетите варира, на оваа тема во повеќето земји не постојат пропишани стандарди и закони. Општоприфатено е дека се со мала димензија, а во вашата дланка може да соберете десетици од нив.
Брикетите можат да бидат во различни големини и форми, тие можат да бидат доволно големи за да ги собере во вашата дланкака, можат да бидат со големина на трупци, а и поголеми. Како што веќе наведовме, пелетите во суштина се мелено и пресовано дрво. Во нив нема многу влага (максимум 10%) која им е потребно за да го задржат својот облик. Дрвениот материјал кој се користи за нивно производство, многу често е отпадниот материјал од дрвената индустрија. Постојат се поголем број на фабрики кои ги претвораат „свежите“ дрва во пелети, што ја покажува зголемената финансиска исплатливост на ова гориво.
И во Хрватска постојат фабрики кои „свежото“ дрво го претвораат во пелети. Пелетите обично се пакуваат во стандардизирани вреќи, од 15кг, а постојат и вреќи во кои може да се пакуваат и 100кг палети. Секој производител на својата вреќа ги истакнува димензиите и вредноста на греење по MJ/kg според германските стандарди кои се однесуваат на пелети и брикети DIN51731, топлинската вредност на пелатата се движи измеѓу 17,5-19,5 МЈ/kg, односно 2кг пелети заменуваат 1L гориво.
Дрвото кое се користи за изработка на пелети варира, така што некој производители користат даб,јасен, габар, топола и лила, а додека други ела и смрека. Пазарот на ова гориво во Хрватска речиси не постои, производители од Хрватска својот производ го извезуваат на европските пазари, осебено на пазарите во Италија и Австрија, кои се географски блиску и трошоците за транспорт се ниски. На пазарот на овие земји се бара квалитет, па производителите се должни да ги усогласат своите норми со нормите на земјата во која ги извезуваат, односно да произведуваат брикетите кои се со грејна вредност и димензија кои се барани во таа земја.
Може ли да користам пелети и брикети во својот дом?
Предноста на пелетите со однос на дрвените трупци е нивната едноставна употреба и обемот на работа поврзана со нив. Печките кои користат пелети обично работат автоматски , доволно само да се наполни садот за пелети, тоа значи дека печката во зависност од потрошувачката на топлина во домот го регулира ставањето на пелети во печката. Исто така пелетите, како што е веќе е наведено, доаѓаат спакувани во вреќи, така што нивното складирање не претставува многу работа и не бара многу простор. Пелетите се многу погодни и за старите домаќинства бидејќи не бараат физички напор за нивна примена и за разлика од дрвените цепеници позади нив останува многу малку пепел.
По грејната сезона во вашиот подрум нема да остане еден куп отпад од дрва кој ќе мора да се исчисти, исто така ќе нема потреба да собирате поголема количина на дрва за да бидете сигурни дека нема да ви недостигаат во ладната зима.
Инвестиција
Доколку се греете со централно греење, единствена инвестиција е за опрема и котел, придружна опрема и трошоци за инсталација. Цената на овие системи зависи од многу фактори како: моќноста, нивото на автоматска регулација и дополнителната опрема, затоа е тешко да се даде паушална проценка за исплатливоса. Секој проект е приказна за себе и исплатливоста за замена на котелот е многу зависи од куповната моќ на корисниците и растот на цената на тоа гориво во иднина.