Пред него што почнеме со изолација на објектите, прво што треба да знаеме е каде се најголемите топлинските загуби.
Генерално гледано, најголемиот процент од вкупните топлотни загуби на еден објект се загубите кој што идат низ покривот/кровот. Топлиот воздух се подига на горе и прво на што „удира“ е плафонската плоча, обично се работи за бетонска плоча. Вторите загуби се поради структурните несовршености на самиот објект. Тоа се обично разни ситни дупки и пукотници во ѕидовите, недоволно добро затворен простор помеѓу прозорците и ѕидот или помеѓу надворешната врата и ѕидот и слично.
Самите прозорци, како и надворешната врата имаат најлоши изолациони карактеристики од сите елементи на надворешната обвивка на објектот, па од тие причини овие елементи се одговорни за одредени топлински загуби. По прозорците, на третото место според топлинските загуби се ѕидовите и подот.
Покрај топлинските загуби во зимскиот период, во летниот период секој објект има и топлински придобивки. Така во летниот период, кровот и плафонската плоча први се загреваат, потоа ѕидовите, прозорците и подот. Поради помали температурни разлики, неконтролирано движење на воздухот е помало, од колку во зимскиот период.
Она што треба да знаете е дека, процентуалното учество на одредени делови на објектот во вкупните топлински загуби варираат од зависност од објект до објект. Некој објект има подебели ѕидови, некаде се направени од различни материјали. Некој објекти имаат различни видови на дограма (алуминиумска, дрвена…..).
Извор: Еко неимар
3 Comments
Metodi Aleksandrov
Ste mozele barem srpskite zborovi od slikata da gi prevedete pa potoa da ja vmetnete slikata.
Игор Мишевски
Здраво Методи,
ти благодарам на коментарот, бидејќи најголем дел од тоа што го работиме го правиме ентузијастички и волонтерно, ти благодарам за коментарот. Доколку можеш да ни помогнеш да го направиме истото би ти биле благодарни. Секогаш ни е потребна вашата помош 🙂
Поздрав
Игор
Pingback: Со поквалитетно стакло до намалени топлински загуби