Денес на пазарот имаме голема понуда на различни климатизери. Така можеме да најдеме климатизери со различна цена, инсталирана моќност, бренд…итн. Но во море на различни понуда на клима уреди, како да избереме адекватен уред кој што ќе ни задоволи нашите потреби за греење и ладење? Постојат неколку параметри кој што требаат да се споредуваат кога ќе пазариме еден ваков уред. Обично, она што го гледаме е ценовниот ранг и енергетската класа на уредот.
Сите климатизери можеме да ги поделиме во три основни класи:
1. Ниска класа
Во оваа класа спаѓаат оние климатизери произведени од страна на „no name“ брендови или пак брендови кој што се непознати. Овие уреди се продаваат по релативно ниски цени. Можат да се најдат во скоро секоја продавница на технички уреди. Она што може да биде проблем кај овие уреди е гаранција, поточно недостиг на адекватен гарантен рок, создаваат голема бучава и исто така трошат големи количества на електрична енергија – не се енергетски ефикасни. За било кој поголем дефект – компресот или електрониката, не се исплатува да се поправуваат. Овие уреди ги препорачуваме на оние кој што немаат доволно парични средства да купат квалитетни климатизери. Цената на овие уреди се движи помеѓу 150 – 250 евра.
2. Средна класа
Во средната класа спаѓаат оние климатизери произведени од страна на познати компании и за кој што се знае како функционираат и по неколку години на експлоатација. Компаниите кој што ги продаваат се обично озбилни увозници кој што имаат обезбедено адекватен сервис за овие клима уреди. Овие уреди добро ладат и добро греат и кога надворешната температура се движи околу нула степени Целзиусови. Цената на овие уреди се движи помеѓу 250 – 500 евра.
3. Висока класа
Во оваа класа спаѓаат оние климатизери кој што се произведени од страна на брендирани производители. Ги карактеризира долг век на користење, висок степен на енергетска ефикасност (високи EER и COP коефициенти). Не создаваат бучава, еколошки се прифатливи бидејќи работат со еколошки гасови R 410a и R407 c. Цената на овие уреди се движи од 500 и повеќе евра.
Каков клима уред според намената на просторот?
Кога се одлучуваме кој клима уред ќе пазариме, приоритетот треба да ни биде односот помеѓу потрошената снага (потрошена електрична енергија) и добиениот ефект. Што е овој однос поголем тоа поквалитетно греење или пак ладење, поточно климатизерот ќе потроши минимални количества на електрична енергија, а од друга страна максимален квалитет на греење/ладење.
Доколку климатизерот го користиме, пред се за греење, тогаш гледајте да пазарите појак уред, за околу 30% од оној кој што се користи за ладење. Најдобро е да пазарите климатизер кој што има инсталиран инвертер, кој што можат да работат и тогаш кога надворешната температури иди и до -15 степени Целзиусови, а притоа ќе потрошат и до 40% помалку електрична енергија во споредба со стандардните клима уреди. Неквалитетните климатизери не можат квалитетно да ја греат просторијата, доколку надворешната температура се движи околу 0 па и под 0 степени Целзиусови. Исто така внимавајте на енергетската класа на уредот – EER и COP коефициенти.
Покрај енергетските параметри на климатизерот, треба да внимавате на тоа каков простор ќе го греете или ладите. Не е сеедно да ли ќе го климатизирате станот, деловниот простор или пак некаков друг вид на објект. Така на пример стан со повеќе соби не може да се загрее со еден климатизер. Исто така треба да се внимава и на бројот на оние кој што живеат/работат во просторијата – простор со поголем број на вработени потешко се грее/лади. Покрај овие фактори, треба да се внимава и на бројот на апарати кој што зрачат топлинска енергија – телевизори, компјутери….итн.
One Comment
Pingback: Греење со помош на електрична енергија - Енергетска ефикасност