Веќе една деценија климатизерите стануваат стандердни уреди кој што се користат за да се задоволат потребите на греење и ладење. Доколку размислувате за купување на еден ваков уред, еве на што треба да обрнете внимание:
Коефициентот на греење
Овој коефициент е параметар кој што ни покажува однос помеѓу вложената електрична енергија и добиена топлинска енергија, енергија кој што ја емитува климатизерот. Така на пример доколку коефициентот на греењето изнесува 3, тоа значи да за потрошен 1kW на електрична енергија добивме 3 kW топлинска енергија. Овој параметар не е константен и зависи од надворешната температура. Претходниот коефициент важи, доколку надворешната температура изнесува 5 степени Целзиусови. На пониските температури на испарувачот се создава мраз кој што се однесува како изолатор и му пречи на размената на топлината. Истото важи и за коефициентот на ладење. Скратените ознаки за овие коефициенти се EER за ладење и COP за греење. Климатизерите кој што во себе имаат вграден инвертер имаат поголеми коефициенти на заштеда (COP).
Капацитетот на греење или на ладење се добива така што вредноста на потрошената електрична енергија (според декларацијата на уредот) се помножи со коефициентите за греење или ладење – COP или пак EER.
Енергетски класи
Енергетска класа претставува однос помеѓу потрошената електрична енергија и остварениот топлинскиот или пак разладниот ефект. Постои седум различни степени на енергетска класа од А до G. Како што и порано пишувавме, најефикасните електронски уреди се оние кој што се во А класа, додека од друга страна оние уреди кој што се во G класа се најнеефикасни уреди. Од оваа класификација, оние електронски апарати/уреди кој што се наоѓаат во повисока класа даваат повеќе топлинска или разладна енергија за потрошен 1 kWh на електрична енергија.
Инвертер
За да се добие енергетски ефикасен климатизер, а пред се за да се подобри работењето на овие уреди во зимските услови, развиени се инвертери. За разлика од класичните климатизери, каде воздухот во собата се „пумпа“ со полн капацитет (on/off регулација), дури и тогаш кога температурата е малку над или под програмираната температура, климатизерите со инвертер технологија имаат неколку „брзини“ на кој што работат, па како што се приближува кон програмираната температура, притисокот се намалува, поточно се намалува силата на греењето. Бројот на обрти на компресорот и на надворешниот вентилатор електронски се подесува и на таков начин се прилагодува на бараните услови/температури. На таков начин ние добиваме континуирано количество на воздух, помали се температурните отстапување, на таков начин добиваме и до 30% поекономично работење на уредот,особено во зимските месеци а исто така се зголемува векот на работење на самиот климатизер.
Утре продолжува
Извор на текстот и сликите:klimauredjaji.com
6 Comments
nekoj
Избор на клима уред зависи од многу фактори : цена, куповна мок, работни часови, намена, ефикасност, бучава, животен век, последици кај корисникот, исплатливост…
Кога ке се земат сите фактори во предвид, во моментов препорачливо (оптимално) решение е најдобриот клима уред од трета класа без инвертор.
Но секогаш важи поговорката „колку пари-толку музика“
позз
Митко
Инвертер е подобар но разликата во цена со обичниот го прави НЕпопуларен.
Веројатно се потребни околу 5 год. да се вратат вложените додатни сретства.
За тој период инвертерот ке биде “потрошен” и вон гаранција, важен фактор !!
Работен век на НОВИ уреди е 5-7 год. ова го кажувам од мое лично искуство.
Овде не важи правилото најскапиот уред да биде и најдобар избор, или не ?
Најсигурно е ЗЛАТНА средина, помалку Gadgets и хром но добиваш функција.
Pingback: Греење со помош на електрична енергија
jas
Dali jas ne sum svatil ili profesorite greska me ucele ama: kako moze da se dobie od 1 KW el. energija – 3 KW toplinska? Moknost e moknost W(elektricen) = W(toploten) ..energija e energija samo se preoblikuva vo drug vid.. ovde toplinskata sto se dobiva bi trebalo da e za nekoj vat (W) pomala poradi zagubite.. pa ne moze nekoj vid perpetum mobile..
Pingback: Климатизер со инвертер или ТА печка?
Pingback: Климатизација: благодет и оптеретување