Во последно време, се чини дека има зголемување на интересот кај мали држави или острови да станат целосно снабдувани од нефосилни енергетски извори, особено од обновливи избори, како сонце, ветер или хидроелектрани. Ова е добродојдено во свет кој останува релативно парализиран во својата способност да направи значителни промени во тоа како да постапува со климатските промени, особено и покрај неодамешниот напредок направен од страна на САД и Кина во врска со климатските промени.
Претходно оваа година, Костарика ја покри целата побарувачка на енергија користејќи обновливи извори на енергија цели 75 дена. Набрзо потоа, во Хаваи беше изгласана легислатива дека до 2045 година, целиот остров ќе биде снабдуван со енергија од обновливи извори. Данска, за време на еден ветровит ден во јули, генерира 140% од вкупната побарувачка на енергија за тој ден само од ветрот. Вишокот од оваа енергија им беше даден на Германија, Норвешка и Шведска.
Шведска инспирирана од ова, минатиот месец најави дека ќе инвестира дополнителни 546 милиони долари во обновлива енергија и превземање на акции за справување со климатските промени, од нивниот буџет за 2016 година. Нивната крајна цел е толку амбициозна колку што е и за почит. Тие се надеваат да станат една од првите нации кои нема да зависат од фосилни горива.
Иако оваа цел на Шведска сеуште нема точно определен времески распоред, нивната влада објави дека главниот град, Стокхолм, има цел да биде снабдуван исклучиво од обновливи извори на енергија до 2050 година.
Во “The Ecologist” беше објавено дека Шведска ги затвора своите нуклеарни централи, иако ова во голем дел се должи на нивната застарена инфрастуктура. Не се планирани никакви замени бидејќи владата планира да користи исклучиво обновливи извори на енергија. Треба да се истакне дека нуклеарните централи се ставаат во ист кош со фосилните горива, бидејќи се исто толку штетни за животната средина.
Владите често престануваат да ги користат нуклеарните центали поради политички притисок, неодамна покажан од Германија. Во овој случај, кризата Фукушима во Јапонија предизвикана од голема катастрофа ја поттикна Германската влада да ги затвори своите нуклеарни централи до 2022 година- пренсува BBC.
Шведска е на добар пат да стане нација која целосно ќе биде снабдена од обновливи извори на енергија во следниот половина век. Моментално околу две третини од електричната енергија во државата е генерирана од нефосилно извори, главно од хидроелелтрично и нуклеарно генерирање на енергија. Ќе биде интересно да се види како замената на нуклеарните централи со обновливи извори ќе му попречи или помогне по патот за да стане нација која нема да користи фосилно гориво.
Извор: Iflscience