Морам да признам дека луѓето од Лесковац имаат „жица“ како за искористување на обновливи извори на енергија, така и за енергетска ефикасност. Имено пред некое време пишувавме за тоа како Лесковац има намера да го смени комплетното осветлување, а исто така пишувавме за младите претприемачи од Лесковац.
Денес ќе пишуваме за едно претпријатие кое што дизајнира посебен прозорец. Претпријатието за обработка на дрво од Лескова „Дрво декор“, дизајнира прозорец со најголем степен на заштеда на енергија. Овој прозорец е наречен „Сибирски прозорец“, и веќе освои голем број на признаниа и награди на повеќе светски и домашни саеми.
Конструкторите и мајсторите од „Дрво декор“, се поносни поради тоа што успеаја да дизајнираат прозорец со најголем степен на енергетска ефикасност (коефициент на термичка спроводливост). „Сибирскиот прозорец“, е направен од специјален материјал – термички третиран багрем.
На надворешното крило има трослојно, а на внатершно крило обично термо стакло.
„Ова е големо достигнување за наша мало претпријатие. Многу сме задоволни со нашиот производ, бидејќи добивме голем број на награди на наши саеми, а посебно место ја има наградата добиена на Лондонскиот саем“, изјави директорот на „Дрво декор“ Миливоје Вељковиќ.
Испитувањата покажаа дека коефициентот на термичката спроводливост на нашиот прозорец се движи помеѓу 0,4 и 0,5, додека дозволените коефициенти во ЕУ се движат од 1,4 до 1,8.
„Работевме и прекувремено за да го произведеме нашиот „Сибирски прозорец“. Целта ни беше да направиме производ кој што е единствен во целиот свет и тоа го направивме“, изјави Јовица Станојевиќ конструкторот на прозорецот.
Во „Дрво декор“ работат 10 работници. Финансиската помош за конструкција на најновиот прозорец дојде од страна на Милун Николиќ, кој што живее и работи во Виена.
Денес постои голем број на компании кој што се заинтересирани да ја откупат лиценцата за производство на „Сибирскиот прозорец“, но од „Дрво декор“ очекуваат поддршка од банкарскиот сектор како и од развојните фондови, за да се започне сериското производство на нивниот прозорец.
Извор: РТС