Употребата на сончева и ветерна енергија на фарма ги намалува трошоците за производство и може да се користи на места каде не постои електрична енергија или водоводна мрежа. Овие системи имаат голем век на употреба (25-30 години), лесни се за одржување, стануваат се по достапни на пазарот и се одлична замена за конвенционалните извори на енергија, чија цена од ден на ден се повеќе расте.
Еден од начините за искористување на ветерната енергија е со помош на ветерни пумпи за вода. Ветерните пумпи се систем за трансфер на енергија која ја трансформира ветерната енергија во кинетичка, која пак се користи за пумпање на вода. Предност на овие системи е што се дизајнирани без менувачка кутија што ги намалува трошоците за одржување, произведува помала бучава и има повисока ефикасност. Исто така работат без гориво (со што нема загадување на околината), имаат можност за пумпање на вода до 200м висинска разлика, работат на многу мали брзини на ветер (2-3м/с) и имаат многу пониска цена за разлика од ветерниците за производство на електрична енергија. Овие системи се користат низ целиот свет, погодни се за места каде нема електрична енергија и на места каде водата треба да се пренесе на некое висинско растојание од изворот (канал за наводнување, река, подземен извор и сл.) до потребната локација.
Друг начин за пумпање на вода на места каде е таа потребна е употребата на сончева енергија со помош на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија директно од сончевата. Најчесто водата која е испумпана се транспортира во резервоари за вода (отворени или затворени) за да се користи кога е потребна (независно од моменталното сончево зрачење). Резервоарите се поставени на највисоката точка на парцелата, со цел наводнувањето или напојувањето да се врши по природен пат.
Извор: Moja Земја бр. 67