Tracking systems како што се познати речиси насекаде во светот или системи за пратење на сончевото движење во некој слободен Македонски превод се системи чија цел е да ги позиционираат соларните панели (од било кој вид) во најоптимална позиција за максимално искористување на сончевото зрачење во текот на целиот ден . Иако оние кои се занимаваат во ова поле добро се запознаети со нивната намена и видот на овој вид на системи кои се сметаат како интегрален дел од секој посериозен соларен систем накратко ќе бидат дефинирани некои работи околу нив.
“Тракери” (Eng. Tracking – пратење) како што некои ги нарекуваат почесто се среќааваат кај комерцијалните соларни централи чија намена е производство на енергија која потоа се предава во електричната мрежа, додека помалку често се среќаваат кај системите за домашна употреба кај кои енергијата кои е произведена се користи за задоволување на домашните потреби Тоа е веројатно така затоа што еден таков тракинг систем значително ја зголемува иницијалната инвестиција која е проблем за резиденцијалните корисници додека кај комерцијалните корисници на подолг рок таа инвестиција не е проблем и често се решаваат на имплементација на вакви системи.
Имено постојат два вид на системи за пратење на сонцето, едноосни и двоосни системи. Иако овие системи имаат свои подгрупи на системи ќе се задржиме на двете главни групи. Кај првиот тип на системи за пратење на сонцето панелите можат да ротираат најчесто само по вертикална оска во правец север-југ. Кај двоосните системи модулите се ротираат во правец исток-запад но во истовреме има можност за менување на аголот на модулите во однос на хоризонтот, што значи дека модулите во секој момент ќе бидат свртени во оптимална положба во однос на сонцето што би резултирало со зголемена ефикасност на соларниот систем. Што се однесува до автоматската регулација тоа сето е оставено на желбата и можностите на инвеститорот. Нивото на софистицираност е директно поврзано со цената на истите и затоа се вели дека тоа е нешто за кое секој инвеститор треба да одлучи индивидуално.
За тоа колку се подобрува ефикасноста на еден систем со помош на систем за пратење можат да се најдат различни податоци. Тој процент можи да варира и изнесува од 20 до 50% подобрена ефикасност. Постојат повеќе причини за големиот опсег кој е прикажан а тоа зависи од неколку фактори како што се местоположбата на соарниот систем, видот на системот за пратење, нивото на софистицираност, производителот и др. Во секој случај еден ваков систем треба сериозно да се земи во предвид пред да се инвестира во еден таков проект и да се направи соодветна пресметка која реално би ја прикажал неговата економичност, како и тоа кој систем за пратење е најсоодветен за постоечките услови на соодветната локација.
2 Comments
Lovro
Pa dilemata e vo investicijata dali e po isplatlivo da se zgolemi brojot na panelite za parite sto bi se dale za pozicionerot ili zeme pozicioner , mislam deka kako pada cenata na fotovoltajcite podobro e da se zgolemi brojot na fotovoltajcite
Александар
Јас мислам дека следачите се многу неефикасни моментално за да се исплатлива инвестиција.
Проблемите се многубројни и комплицирани за инсталација и одржување.