Продолжуваме со написи за заштеда на електрична енергија.
- Кога купувате фрижидер држете се до следните правила: за две лица, доволен е фрижидер со зафатнина од 120-180 литри, а за секој дополнителен член на семејството ставете дополнителни 20 литри;
- Фрижидерот да Ви биде оддалечен од секој извор на топлина како и од директна сончева светлина;
- Не ставајте топли намирници во фрижидерот;
- Температурата во фрижидерот нека се движи помеѓу 3 – 5 ° C. Секое дополнително намалување на температурате е непотребно и ја троши енергијата;
- Во ладилникот температурата нека Ви биде -15 ° C и гледајте да Ви биде секогаш полн оти така се троши помалку енергија. Доколку ладилникот ја нема опцијата за самоодмрзнување тогаш рачно одстранете го мразот;
- Исклучетe го шпоретот 10 минути пред да е готово јадењето. Топлината на шпоретот е доволна за да се доврши готвењето;
- Рерната на шпоретот отварајте ја по потреба – по секое отварање се губи до 20% на топлина;
- Водата во бојлерот нека Ви биде загреана до 60° C. Секоја година исчистете ги грејачите на бојлерот од наслагите на бигор;
- Со рачно миење на садови трошите повеќе вода и енергија за загревање на водата отколку со машина за миење на садови.