Вчера на нашата фан страна поставив еден линк со интересен текст – др. Владан Петровиќ, најде начин да ја складира соларната енергија. Објавата беше попратена со голем број на споделувања и со голем број на „лајкови“, па одлучив, текстот да го преведам на Македонски јазик и истиот да го објавам на нашиот блог.
Помина скоро година дена од кога професорот др. Владан Петровиќ во Бадњевац, место близу Крагујевац постави соларна постројка, без класични панели , која што ја собира и складира сончевата енергија, која што покасно во зимскиот период може да се искористи. Но за жал никој во Србија не е заинтересиран за неговата иновација. Од друга страна, претставници од 19 различни држави како што се Индија, Шведска, Германија, Норвешка, Шкотска, Англија, Италија, Турска…доаѓаат да ја видат постројката и да се уверат во нејзините можности. Професорот се уште преговара со овие претставници и доколку никој од Србија не се појави да ја откупи постројката, истата ќе се продаде на оној кој што ќе дај најмногу пари.
„Нашата држава се однесува како да ништо не ѝ е потребно. Ние повеќе сакаме да пазариме технологија од странство. Од една страна имаме извонредни млади таленти, кој што се меѓу најдобрите во светот, а од друга страна немаме самопочитување и сигурност во нашите можности. Така ќе ни се случи, да оваа постројка, ќе морам да ја продадам на странците, а потоа истата ќе ја купиме од нив и тоа по многу повисока цена“, вели професорот Петровиќ. Тој исто така додава, да оваа постројка може да ги модифицира постоечките топлани во Србија, сите тие да работат на сончева енергија. Преку лето ќе ја собираат сончевата енергија, а истата ќе ја искористат во зимскиот период.
Во рамките на овој систем, можно е да се инсталира и систем која што ќе ја искористи биомасата. Според професорот Петровиќ, стручњаците од Јордан, дојдоа да ја видат постројката, како и нејзините можности да ја складира енергијата – 48 часови. Професорот им покажа дека сончевата енергија која што ја достигна температурата од 300 степени Целзиусови, можат да ја чуваат во наредните 4 до 5 месеци. По истекот на тој временски период температурата изнесуваше 200 степени Целзиусови, додека надворешната температура изнесуваше минус 28 степени.
„Прво, пред скоро три години направиме еден прототип, поточно повеќе лабораториски прототип, кој што можеше да се смести во една просторија. Овој прототип имаше инсталирана моќност од само 10 вати. Оваа мини постројка, можеше да ја собира сончевата енергија во текот на денот и потоа да ја емитува во наредните 24 часа.“ , изјави физичарот Марко Вуксановиќ, кој што работи во компанијата на професорот Петровиќ. Претставниците на лондонската компанија „Стор енерџи“, Амарџи Ријат и Хардип Сеира, го препознаа потенцијалот на постројката и одма побараа да се направи идејно решение и развој на поголем систем. Тие го финансираа вкупниот проект, бидејќи сакаа да го видат ефектот на поголемата постројка. Оваа компанија и понатаму го финансира овој проект.
„Системот се состои од концентратори која што имаат пречник од 10 метри и истите имаат термичка сила од 50 киловати. Работи на принцип на оптичкото сочиво – ја прибира сончевата енергија и ја собира во една точка која што има пречник од 300 милиметри. Температурата во оваа точка иди и до 1.800 степени Целзиусови. Германците успеаја да ја достигнат температурата од само 1.000 степени. Ова е прва соларна топлана, која што ја акумулира сончевата енергија, собрана во летниот период, за да се искористи во грејната сезона. Исто така оваа енергија може да се искористи во сушари, хемиска или дрвна индустрија, во процесите на стерилизација, пастеризација….Овој систем може да акумулира 40.000 киловат часови на топлотна енергија “ вели Вуксановиќ.
Во моментот се работи на мали постројки за домашна употреба. Концентраторот ќе има пречник од два метри и со него ќе се добива само топла вода. Овој уред е идеален за хотели, мотели, болници и слични објекти.
Професорот Петровиќ, заврши Машински факултет а работеше како професор во Техничкото училиште во Крагујевац. Беше потпретседател на компанијата „Гоша“, а потоа стана технички директор на компанијата „Романија“. Во 1972 година замина во Франкфурт, каде работеше во компанијата „Круп“ во Есен. Докторираше во Ахен, напиша 55 научни трудови, а има и 36 регистрирани патенти. Во Србија се врати во 1998 година, и во Крагујевац отвори компанија под име „Алтернативна енергија“. Живее во Бадњевац со неговата сопруга Сузана.
„Точно е дека сега ни требаат големи парични средства, за да го развиеме системот, но понатаму се ќе ни биде бесплатно. Цела Србија ќе користи бесплатна електрична енергија, бидејќи ние успеавме да направиме постројка која што може 365 дена да произведува електрична енергија – сонцето го претворивме во стабилен енергетски ресурс“ објаснува Петровиќ.
Извор:Зелене новине
One Comment
Трајче Трајчев
Многу добро решение за концентратор, релативно едноставно и евтино за изведба, пропустливост за воздушни струења и мала подложеност на деформации поради гравитацијата. Најголемиот проблем кај овој начин на добивање енергија е нејзиното складирање и зачувување. Со обезбедување флуид кој акумулира 450 kW h во метар кубен направен е огромен исчекор!
Ви благодарам за доброто информирање.