Одржливо производство на водород е предизвик а неговото производство досега се покажа како премногу скапо. Сега, тим од Политехничката школа во Лозана, преводен од проф. Ксили Ху, открива дека произвеле на собна температура катализатор на база на молибден, и тоа евтин и ефикасен.
Резултатите од истражув ањето се објавени во интернет списанието Chemical Science.
Водата, која постои во огромни количини на Земјата, е составена од водород и кислород. Таа може да се разложи со помош на електрична струја, процес познат како електролиза. За да се подобри оваа прилично бавна постапка, се користи платина како катализатор. Меѓутоа, платината е доста скап материјал чија цена се зголеми за трипати во последната деценија. Но сега, научниците од Лозана покажаа дека аморфните сулфиди на молибден, кои ги има во големи количини, се доста ефикасен катализатор, па производството на водород може значително да поевтини.
Новиот катализатор пројавува многу поволни технички карактеристики. Тие се стабилни и компатибилни со кисели, неутрални или пак базни услови во водата. Исто така, брзината на производство на водород е побрзо отколку со другите катализатори за иста цена. Ова откритие отвора некои интересни можности за индустриска примена, како во областа на складирање на енергијата од соларните централи.
Даниел Мерки, Стефан Фиеро, Херон Врубел и Ксили Ху, членовите на тимот на Политехничката школа во Лозана, дојдоа до ова откритие случајно, при еден електрохемиски експеримент. „Ова е совршен пример на принципот на случајни откритија во истражувањето“, нагласува Ксили Ху. „Благодарение на овој неочекуван резултат, откривме единствен феномен“, објаснува тој. „Но сѐ уште не знаеме со сигурност зошто катализаторите се толку ефикасни“.
Следната фаза е создавање на прототип кој ќе помогне во производството на водород со помош на сончева светлина. Но во меѓувреме, треба подобро да се разбере овој феномен, со цел да се оптимизира катализаторот.