Во последно време впечаток е дека се повеќе и повеќе бродските контењери се користат повеќе во градежништвото одколку за нивната основна намена за транспорт на материјали на бродови. Во продолжение повеќе за хотелот SnoozeBox чија основа се бродски контењери.
SnoozeBox хотелот е уникатен и оригинален по ногу нешта. Пред се поради фактот што може да биде изграден на која било локација само за 48 часа од моментот на пристигање. Со оглед дека се со стандардна ИСО големина можат да бидат транспортирани речиси секаде по пат, воздух, вода или железница. Капацитет е во зависност од потребите. Така секој кој има потреба од привремено сместувалиште може да нарача хотел со капацитет од 40 до 400 соби. Секоја од собите има сопствен клима уред, двоен кревет, туш кабина, сопствен сеф, телевизор со рамен екран, магнетна картичка за заклучување, бесплатен интернет, собна послуга. Хотелот е самоодржлив со сопствена електрична, водена и канализациска инсталација, така да нема некои посебни потреби од локациите каде ќе биде лоциран. Па дури и доколку локацијата не е најрамна инсталационата екипа може да се подгрижи за да теренот биди моделиран по потребите на хотелот. Во моментот секоја контејнер е поделен на 4 соби, иако е предвидено во блиска иднина и понуда на соби со поголем капацитет, па и на луксузни апартмани.
Што се однесува до Македонија тешко дека овој патувачки контењер ќе го видиме за време на организација на некој настан. Додека што се однесува на други настани овој подвижен хотел редовно е дел од Британската формула 1 настан. Исто така овој хотел прими повеќе од 600 гости по повод прославата на дијамандскиот јубилеј на кралицата на Англија што се одржа во непосредна близина на Виндзорскиот замок. За оние најзагреани за бродски контењери во Македонија се нудат за продажба бродски контењери кои се со доста солидна термичка изолација, подови од ламинат, пвц дограма, електрична инсталација. Цената е околу 200 евра по метар квадратен од она што го имаме како информација. Можностите за пренамена на истите неограничени.