Програмата на Обединети нации за развој (УНДП) и Енергетската задруга Каштел, ја започнуватт донаторската кампања базирана на crowdfunding принцип на финансирање а се со основна цел да основното училиште Острог во Каштел Лукшиќ, кое што е познато по својата ботаничка градина, и како еден од оснивачите на Енергетската задруга Каштел, да стане енергетски независно училиште.
Кампањата започнува денес, на GivingTuesday – ден со кој што се обележува доброволно дарување, волонтерство и филантропија. Кампањата за прибирање на финансиски средства ќе биде објавена на Indiegogo.com, позната платформа за групно финансирање на проекти.
Финансиите ќе се искористат за изградба на сончева централа за производство на електрична енергија, која што ќе се постави на покривот на основното училиште. Сончевата енергија е избрана поради поволната географска положба на самата локација но и поради промените во тарифниот систем за поттикнување на обновливите извори во 2014 година, со кој што се одредени посебни квоти од 2 MW за изградба на сончеви централи на оние објекти кој што се во сопственост на градовите и на жупаниите.
Вредност на вкупната инвестиција изнесува 100.000 куни (≈13.000 евра). Доколку се собери доволно количество на пари, покрај поставување на сончевата централа, ќе се инвестира и во модернизација на постоечкиот систем за осветлување. Со остварените заштеди, училиштето ќе ги финансира другите мерки, на подобрување на енергетската ефикасност, како што е замена на постоечката обвивката на училиштето, набавување на нова опрема со која што ќе се подигне квалитетот на едукацијата.
Извор на текстот и сликата: УНДП