Една од најиновативните програми оваа година за популаризација на употребата на соларната енергија и запознавање со бенефитите од истата доаѓа од Пакистан. Имено, локалните власти на областа Пунџаби во Пакистан имплементираа програма со која на секој ученик кој ќе ја заврши деветтата година со завршен просек над 50% да му се додели по еден соларен панел за производство на електрична енергија. Доколку би било во Македонија би дошло секој средношколец од прва година кој би ја поминал годината со тројка и нагоре би имал право на еден соларен панел – фотоволтаик. Секој од панелите има доволно капацитет за напојување во просек на една светилка и еден електричен фен.
Проценките се дека околу 300.000 ученици ќе добијат по еден фотоволтаик кој после потврдата за нивниот успех ќе може да си го однесат дома. За овој проект властите имаат одделено 46 милиони долари кои треба да го покријат трошокот за панелите како и за работилниците кои ќе се организираат за запознавање на учениците со соларната технологија. Идејата е не само да им се доделат панели туку и да ги научат со тоа како функционираат со цел да можат да ги употребат во пракса.
Главниот повод за реализација на еден ваков проект е немањето доволно производствени капацитети за производство на електрична енергија во Пакистан. Така, и оние малку производствени капацитети кои ги имаат неможат да ги задоволат потребите кои ги имаат. Како последица на тоа има постојани рестрикции и падови на електричната мрежа. Со овој проект властите се надеваат да дадат ново светло на потенцијалите на соларната енергија и како таа може да влијае врз енергетскиот сектор. Покрај тоа сакаат да инспирираат нова генерација на млади кои своите познавања во соларните технологии ќе можат да ги имплементираат на терен.
3 Comments
Александар
За да бидеме на чисто зашто е тоа така.
Нека изградат фабрика за панели тука, јас ќе бидам прв што ќе купам панели наши.
Верувам дека ќе се сложиш дека вака поставени работите имаат инаква логика од онаа која е претставена горе.
Dimeski Zvonko
Поздрав @Александар
Соларни фотонапонски панели ВЕКЕ се произведуваат во Македонија !!
Скоро една година сум на пазарот .
Денес, 26 октомври добивам и нова машина за полуавтоматско производство на соларни панели ( за ова , се надевам , ке има и посебен прилог во Енергетска ефикасност ) .
Би требало , ако се е во ред , да се монтира и за еден месец да започнам производство со неа… Ке има слики на мојот сајт ( и овде )..
Така да , повели , контактирај ме и , ако ти се допагаат моите панели , купи …
Поздрав и секое добро
Aleksandar Atanasovski
Ете ти прилика @Александар да се набавиш фотоволтаични панели од Македонија, Само да те замолам во коментарите да не ставаш линкови од комерцијална природа, ти кажувам чисто да знаеш зошто го тргнав линкот од твојот коментар.