Автомобилите и моторите на електричен погон полека почнуваат да го завземаат местото на соодветните превозни средства кои се со класични мотори кои користат фосилни горива. Големите производители од таа индустрија добар дел од своите развојни капацитети ги имаат насоено кон развој на таквите видови на превозни средства. Сепак, една не толку голема Хрватска компанија решена е да се вклучи во развојот на т.н. “зелени превозни средства” кои се придвижувани од електро мотори.
Имено компанијата Bioplanet bike нуди електричен велосипед од сопствено производство. Електричниот велосипед кој тие го нудат по изглед не се разликува многу од класичните велосипеди како што се гледа од сликата. Освен стандардните делови кои се наоѓаат кај класичните велосипеди овој велосипед има батерија (555 wH, LifePO4), контролер кој го контролира празнењето и полнењето на батеријата и DC мотор со програмирачка снага од 250 до 750 вати. Тежи 24 кг, има 9 брзински менувач, има две ЛЕД светла (предно и задно), додека рамката е изработена од челик и пластика.
Засега никој нема побарано да се регистрираат или да се плаќа осигурување за електричните велосипеди така да тоа се трошоци кои се одбегнуваат компарирано со мотор или автомобил. Лесни се за маневрирање во градската гужва, лесни за паркирање и лесни за одржување. Според производителот трошат во просек електрична енергија во износ од 1 куна за секои поминати 100 километри што е доста поевтино споредено со скутер или било кој друг мал мотор со оглед на фактот дека тие се најблиску до нив за споредба. Во моментот ги нема на Македонскиот пазар но со оглед на географската блискост со Хрватска за очекување е во брзо време да бидат достапни за сите оние кои се заинтересирани за нив.
2 Comments
marija
Вакви велосипеди купи Белград пред некој месец и почнаа да се издаваат на граѓаните. Не знам дали се од истиот производител, но во секој случај се на електричен погон.
Игор
Вакви велосипеди има во цел свет. Србија, Бугарија, Хрватска се преплавени со нив. Има избор и на модели и цени за сечиј џеб. За жал и на овој пример се докажува дека сме слепо црево и дека сме далеку од сите светски збиднувања и трендови…
Жалосно…