Општо познат факт е дека материјалите кои се обоени со црна боја ја апсорбираат светлината, додека материјалите кои се бели или бело обоени ја одбиваат светлината. Земајќи го во предвид тој факт кај многумина на кои енергетската ефикасност кај градбите име е област на занимање постои мала дилема за тоа која боја би била најсоодветна боја за покривните конструкции со оглед дека тој дел од самата градба е најизложен на сончевата светлина. Така аналогно на тоа во во зима кога секој зрак е потребен за загревање и кога топлината е повеќе од потребна разбирливо е зошто црно обоен покрив или некој вид на ѓерамиди (најчесто користени кај нас) во црна нијанса се препорачливи.
Од друга страна тие во лето би апсорбирале топлина и би имале контра-ефект со оглед дека ладењето е приоритет во лето. Затоа во летно време е препорачливо покривна конструкција во бела боја која спротивно од црната боја ги одбива сончевите зраци. Во деловите од светот каде едно годишно време (зима или лето) е поизразено нема дилема за тоа која боја треба да биди кровната конструкција. Додека за кровни конструкции кои се во подрачја како нашето тоа е вечна дилема со оглед на тоа дека имаме повеќе годишни времиња со изразени ладни и изразено топли периоди.
Сепак една група на дипломци од светски познатиот МИТ успеаа да направат нешто околу ова прашање што веројатно никој не мислеше дека е возможно да се направи, барем не да биди комерцијално исплатливо. Имено тие успеаа да направат покривен материјал кој ја менува својата боја во зависност од надворешната температура. Основниот материјал за овој вид на ѓерамиди е класичниот полимер. Во зависност од надворешната температура материјалот реагираа соодветно. Така, како температурата се покачува тој добива бела боја, додека доколку температурата опаѓа материјалот поцрнува. Температурата на која материјалот почнува да реагира е подеслива работа и може да се манипулира со едноставна измена на хемиската формула на материјалот од кој се изработени овој вид на ѓерамиди. Со други зборови со овој вид на покривен материјал во лето би имале бел покрив кој ја одбива светлината со што би имале поладен дом, додека во зима кога температурите се значително пониски иситиот покрив би бил со црна боја која го апсорбира секој зрак сончева светлина потребна за потопол дом.
Thermeleon е името на компанијата која си зеде за задача да ја комерцијализира оваа иновација. Од нивниот веб сајт може да се заклучи дека сеуште е во развој оваа иновација и дека допрва треба да се очекува промоција на овој вид на покривни материјали на пазарот. За тоа кога ќе излезат на пазарот со конечен производ, по која цена ќе биде нивниот производ, неговиот конечен дизајн и слично нема достапни информации во моментот.
One Comment
Александар
Ова е многу интересен пример, но сепак тука може да се користи и нешто слично на фото греј технологија, технологија слична на онаа кај наочарите за заварување…. и многу фруги.
Сепак и во двата горни примери ако немаш систем за регулација и изолација џабе покривот.