Хотелот „Олимп“ на Златибор, ја користи минералната вода, богата со магнезиум за греење. Имено термалните води кој што извираат од планината, се повеќе се користат. Геотермалниот капацитет на Златибор е потврден и од страна на Рударскиот факултет од Белград. Овие геотермални води во почеток беа искористени за подното греење на локалниот плоштад, како и на една локална сообраќајница. Но од пред еден месец познатиот хотел „Олимп“ со површина од преку 3000 метри квадратни се загрева користејќи ги геотермалните води на Златибор.
За да ја искористи геотермалната енергија, искористен е изворот кој што се наоѓа во самиот двор на хотелот, со капацитет од околу 12 литри во секунда. Подземната температура на водата изнесува 10 степени Целзиусови. Со помош на топлинските пумпи оваа температура се подига на 50 степени за да се искористи за потребите на греење. А оваа вода, поради високото количество на магнезиум, има и лековити карактеристики.
Целиот проект почна уште пред четири години, кога геолозите во рамките на развојниот проект на искористување на обновливите извори на енергија, кој што беше финансиран од страна на општината Чајетина, почнаа со истражување на локалните извори на термални и лековити извори на вода на планината Златибор. Овие истражувања исто така беа поддржани од страна на познатиот хотел „Олимп“.
„Инвестиравме голема сума на пари за да го искористиме потенцијалот на геотермалната енергија. Од изработката на проектот, преку добивање на дозволи за истражување и за правење на бушотината, а најмногу потрошивме на набавка на три големи топлински пумпи со се пратечката автоматика. Инвестиравме околу 160.000 евра за да ја искористиме геотермална енергија. Но не се каеме, остваривме големи заштеди, а според студијата времето на повратот на инвестицијата изнесува помеѓу 4-5 години.“, објаснува Миодраг Илиќ, управителот на хотелот „Олимп“.
Досега хотелот користеше мазут за да ги задоволи потребите за греење. Придобивките на користењето на геотермалната енергија се големи – преку еколошките придобивки до економските. Имено енергетските трошоци се намалија за четири пати! Ја плаќаат само струјата која што ги напојува топлинските пумпи. За сега се греат околу 3000 метри квадратни, колку што е голем хотелот. До оваа лето ќе се заврши изградбата на покривениот базен, кој што исто така ќе се грее со помош на геотермалната енергија. До сега се користат 6 литри вода во секунда од можните 12.
„Водата која што е добивме е чиста и квалитетна, може да се користи како за греење, така и за флаширање. Богата е со магнезиум па може да се искористи и за лекување на некои болести. Голема благодарност до стручњаците од Рударско геолошкиот факултет од Белград, кој што го изготвија проектот. Ние го прифативме овој проект во време кога никој не ни веруваше дека можеме да ја подигнеме температурата на водата со помош на топлинските пумпи“, изјавува Миодраг Илиќ, кој што е награден со признание „Капетан Миша Анастасијевиќ“, поради неговиот придонес во развојот на туризмот.
Извор: politika.rs