Поимот паметни мрежи или на англиски smart grids е поим кој кај нас се употребува само како дел од некои предавања по факултетите и на по некоја конференција каде енергетската ефикасност е тема. За жал во пракса сме мошне далеку од тој концепт. Сепак мошне малку се знае за овој вид на енергетски мрежи; што е тоа што ги прави посебни, технологијата позади нив, имплементацијата и потеклото. Накусо ќе бидат опишани и бенефитот од нивната примена.
Целта на паметната мрежа е да ги намали загубите со тоа што ќе ги анализира работата на производителите на електрична енергија, навиките како и потребите на потрошувачите. Во минатото луѓе беа тие кои ги собираа потребните податоци од целокупната работа на енергетската мрежа за потоа собраните податоци да ги анализираат како би презеле нешто за пооптимизирана работа на енергетската мрежа. Сето тоа беше споро и неефикасно за разлика од денес кога благодарение на новите технологии тој процес е автоматизиран и постои софтвер кој сите информации ги особира автоматски, анализира и има оптимални решенија за секоја ситуација во енергетската мрежа за секој даден момент. Идејата кај паметните мрежи е да секој дел од неа биди поврзан преку компјутер. Така потрошувачите, производителите, дистрибутерите се сите поврзани компјутерски со соодветни сензори за собирање на податоци кои се собираат на една централна локација од каде се контролира се. Иако ова е симплифициран пристап сепак накусо тоа е како функционираат паметните мрежи.
Технолгогијата позади паметните мрежи е во голем подем и нови решенија, надградби и иновации кои постојано се нудат на енергетските компании. Покрај подобрената енергетска ефикасност и побалансираниот енергетските систем со паметните мрежи се отвори патот за имплементација на обновливите извори кои нешто потешко се интегрираат со класичните енергетски мрежни системи. Пред се тоа е поради природата на овој вид на извори кои воглавно нудат испрекинато производство на енергија. Така ветерниците произведуваат енергија само кога ќе има доволно ветер додека сончевата енергија само додека е дење. Како последица на тоа можи да се јави дебаланс во енергетскиот систем и можно е да дојди до испади. Затоа кај класичните енергетски системи има големи ограничувања на енергијата која можи да доаѓа од овие извори на енергија. Со оглед на ситуацијата во енергетската мрежа во Македонија и спората модернизација на истата има големи лимите на енергијата која можи да биди произведена од обновливи извори како и релативно големи технички загуби компарирано со модерните енергетски мрежи.