Во првиот натпис за стаклото зборувавме за тоа како се произведува и кои се основните карактеристики на овој материјал. Денес ќе пишувам за ИЗО стакло.
ИЗО стакло е стакло кое што е составено д повеќе стаклени плочи кој што се помеѓу себе одвоени со најмалку еден херметички затворен простор кој што е исполнет или со воздух или со некој друг гас.
Основните карактеристики на ИЗО стакло:
- Да се задржат истите вредности на топлинската изолација
- Да ги задржи дадените вредности на поминување на светлината
- Да ги задржи дадените вредности на поминување на енергијата
- Да се задржи чистината и бистрината на внатрешната површина на самото стакло
- Не треба да доаѓа до кондензација во меѓупросторот
Самата конструкција на ИЗО стаклото се состои:
Стаклото – битно е да биде произведено со изедначена дебелина, меѓупросторот треба да биде исполнет со воздух или со гасови како што е аргон, криптон, ксенон или SF6. Што е гасот „потежок“ тоа е и подобра топлинска изолација, но од друга страна мораме да внимаваме на ширината на меѓупросторот – поточно различен гас бара и оптимална широчина на меѓупросторот. Така на пример:
- Аргонот бара оптимална широчина од 16 mm.
- Криптонот бара оптимална широчина од 10 mm.
- Ксенонот бара оптимална широчина од 8 mm.
- SF6 бара оптимална широчина од 8 mm
Молекулар – основната функција на молекуларот е да ја елиминира влагата која што може да се појави во просторот помеѓу двата стакла во процесот на производство на ИЗО стакло. Исто така, молекуларот го обезбедува нискиот ниво на влагата во текот на користењето на ИЗО стаклото. Постојат два вида на молекулар – во вид на кристал и во вид на прашок. Кристалниот молекулар се користи кај алуминиумските или кај инокс дистанцери, додека молекуларот кој што е како