Како што пишувавме во поранешните текстови, без разлика каков вид на греење или ладење користиме, најдобро е да имаме добро изолиран објект (без разлика дали се работи за деловен или станбен објект). Добро изолиран објект ги намалува топлинските загуби а со тоа ги намалува и енергетските трошоци. Најголемите топлински загуби идат преку лошата дограма. Како што 2/3 од прозорците го чини стаклото, најголемите топлински загуби кај прозорците идат поради лошото стакло.
Се одлучив да почнеме од почеток – поточно да видиме за самото стакло, за каков материјал се работи, кој се неговите карактеристики, и кои видови на стакло можат да се најдат на нашиот пазар.
Како што реков да почнеме од самиот почеток.
Историјата ни вели дека стаклото, како материјал е откриено уште пред 7.000 години. Легендите велат дека стаклото било изумено од страна на Бабилонците, Фениќаните, Египќаните….. Она што е сигурно е дека сите овие древни цивилизации го произведуваа и го користеа стаклото.
Модерната историја на стаклото започнува во 1851 година, кога англискиот архитект Joseph Paxton, кој што по повод на светската изложба во Лондон, проектира стаклен павилјон кој што се нарече “Crystal Palace”. Оваа револуционерна градба, која што е изградена од стакло и челик, ги поттикна другите архитекти повеќе да го користат стаклото како градежен материјал.
Втората револуција која што е поврзано со стаклото се случи во 1952 година. Имено во таа година Sir Alastair Pilkington го изуми процесот на флотацијата на стаклото. Овој процес овозможи производство на стаклени плочи во различни бои и во различни дебелини и димензии. Од тогаш технологијата на производство на стакло, драстично се промени. Денес технологијата го достигна тој ниво на развој дека можат да се произведат различни видови на стакло, во различни бои, димензии, дебелини и слично.
Карактеристиките на стаклото
Стаклото е проѕирен, аморфен, цврст, крт и хемиски стабилен материјал. Основните суровини за производство на стакло се кварцен песок, глиница и други оксиди. Кварцниот песок како основна суровина мора да биде квалитетна (чиста) – песокот не смее да поседува повеќе од 0,05% на железни оксиди. Суровинскиот материјала се ситни и хомогенизира, а потоа се става во посебни печки за топење. Топењето е основна фаза во производниот процес и се одвива на температури кој што се движат помеѓу 1.400 до 1.600 степени Целзиусови. Истопената маса се лади на оној ниво на вискозитет на кој што може да се дополнително обработува. Об
Специфичната маса на стаклото изнесува 2,5 g/cm3. Ова значи да една стаклена плоча која што е дебела 1 mm и има површина од 1 m2, има тежина од 2,5 kg.
Еластичност на стаклото изнесува cca. 70 000 N/mm2 и е приближна како и кај алуминиум.
U коефициент за еднострано флоат стакло изнесува 5,8 W/m2.
Продолжува