Иновативен дизајн за соларна енергија наречен “Solar Sunflower” беше неодамна прикажан од страна на швајцарски истражувачи од Airlight Energy и IBM Research во Цирих. Овој дизајн изгледа како огромна сателитска чинија од огледала, кој комбинира фотоволатична соларна енергија и концентрирана термална соларна енергија за да ја искористува сончевата енергија со ефикасност од околу 80%.
Ова ниво на ефикасност е за 34% повисоко од денешниот најефикасен соларен панел, од Soitec & Fraunhofer Institute кој го користи NASA. Тие се четири пати поефикасни од било кои панели кои се користат за снабдување на енергија во домови.
Комбинацијата од двете технологии, термална и волатична, му овозможува на Sunflower да оди многу подалеку од она што можат да го направат сопларните панели. Додека типичен соларен панел би можел да произведе 200 вати електрична енергија, Sunflower може да произведе 12 киловати или 12,000 вати.
Но со толкава голема моќ доаѓа и голема топлина, според Ars Technica, тестирањето извршено од страна на Airlight вклучувало доволно топлина за да стопи грутка железо, кое има точка на топење од 2,800.4 фаренхајтови степени. И најмалата грешка во редењето на панели може да доведе до тоа алуминиумската структура да се стопи како сладолед во августовско попладне.
Но постојат и неколку проблеми, на хартија звучи одлично, големо, со убава структура која е бесконечен извор на енергија и може да биде изградено насекаде по планини и фарми. Но Sunflower може да произведе доволно електрична енергија само да снабдува неколку домови во исто време.
За да може да напои цел град со електрична енергија, ќе бидат потребни стотици модели, ако не и илјадници, кои нема да бидат ни ефтини ни со големина колку нормалните панели. Па прашањето е “Дали ми е потребна интересна склуптура или ефтин панел за да ми произведува обновлива енергија?”
Сепак, овој модел е мошне ветувачки. Ако Airlight и неговите партнери успеат да ја зголемат ефикасноста уште повеќе или да изградат уште поголеми панели, моделот хипотетички би можел да дојде до позиција каде што еден единствен Sunflower кој би бил поставен на покривот на некоја зграда би можел да ја снабдува истата, како голем сателит кој ја снабдува цела зграда со кабловска. Со ниво на ефикаснот два пати поголемо од обичниот панел, сигурен чекор напред е по патот до универзално користење на обновлива енергија и ние би можеле да почнеме да ги гледаме на покривите во 2016 година
Извор: Tech.Mic