Голем број на иновации и технологии се преставуваат секој ден а кои се однесуваат на производство на чиста енергија. Сепак повеќето или се на експериментални ниво, имаат преголеми ограничувања или самиот процес на производство на истите е прескап со што се доста недостапни без разлика не нивната ефикасност. Еден од начините за производство на чиста енергија е соларниот оџак. Соларниот оџак е начин за производство на енергија кој не вклучува високо технолошки процеси. Се работи за доста едноставен процес кој се подтпира повеќе на принципте на физиката одколку на технологијата.
Од сликата се гледа дека соларниот оџак не е ништо повеќе од еден вид на оџак кој е изграден од три компоненети: Стакленик (колектор), оџак и една варијација на ветро-турбини. Воздухот во колекторот кој е отворен на неговите периферии се загрева и бидејќи е полесен се крева нагоре низ оџакот и создава воздушна сила која воздушна сила можи да биди окарактеризирана како еден вид на вештачки создаден ветер. Тоа движење на топлиот воздух нагоре ја придвижува ветерната турбина која ја создава електричната енергија.
Земјата и стакленикот го формираат колекторот кој се наоѓа подигнат на 2-3 метри висина. Како додаток на колекторот има цевки кои се исполнети со вода а чија задача е да ја апсорбират топлината преку денот како навечер би ја испуштале со што би се добило континутирана работа на соларниот оџак и во текот на ноќта.
Во 1982 година во Шпанија беше изработен прототип на оваа централа. Таа успешно работеше се до 1989 година и им помогна на научниците да проверат во пракса се што го имаа како предпоставка за работата на истата. Во продолжение некои карактеристики на истата
– Оџакот беше висок 195 м со основа широка 10м
– Дијаметарот на колекторот изнесуваше 240 м подигнат на висина од 2м. Структурата делумно од стакло а дел од пластична фолија.
– Колекторот немаше цевки со вода за апсорбирање на топлината.
– Во основата на оџакот имаше само една цевна турбина со моќност од 50KW.
Повеќе за соларниот оцак и оние кои се заинтересирани, исплатливоста, како да се подобри технологојата, вакви постројки во светот, предностите и недостатоците негови во наредните текстови.