На Универзитетот во Сиднеј, на одделот за роботика, конструираа робот кој што користи сончева енергија, го елиминира плевелот и поможува во берење.
Овој робот го нарекоа „ladybird“, опремен е да може да го распознае плевелот има роботизирани раце со кој што може да го елиминира. За неговото движење се задолжени ласерите а за напојување ја користи сончевата енергија. Во моментот работи на собирање на податоци на самата фарма.
Од визуелен аспект можеби овој робот не изгледа премногу импресивно, но роботот е комплексен и може да работи буквално се – од контрола на почвата, до берба. Проектот е вреден еден милион долари и се уште се работи на неговото усовршување и на зголемување на бројот на функции.
Погледнете го следното видео, кое го покажува работењето на роботот:
Извор: efikasnost.org