Иако до пролета имаме уште скоро три и пол месеци и иако зимата е самиот почеток, одлучив да Ви прикажам еден едноставен туроријал – сончев шпорет, кој што го најдов на интернет. Порано оваа година, поточно во јануари, прикажавме еден краток туторијал во врска со искористување на сончевата енергија за готвење. Денешниот шпорет кој што ќе го прикажам се разликува во дизајнот – но принципот е ист.
Првин да видиме што ни е потребно за изработка на еден ваков шпорет:
- Картонски кутии
- Алуминиумска фолија за готвење
- Лепило
- Црна мат боја може како спреј да се најде
- Стиропор
- Стакло
- Ножици, скалпел, селотејп…
Картонските кутии, како и стиропорот можеме секаде да го најдеме. Нашата препорака е да ги побарате во специјализирани продавници на електронски уреди, бидејќи на исто место ќе најдете и квалитетен картон и стиропор. Алуминиумската фолија за готвење можете да ја најдете во секоја продавница и истата чини помеѓу 40 и 50 денари. Како лепило можете да го искористете веќе познатото „Охо“ или пак некое слично лепило. Истото кошта околу 20 денари и можете да го најдете во било која книжара. Црната мат боја во спреј од 500 милилитри чини околу 500 денари можеби некаде ќе ја најдете и за поевтини пари. Претпоставувам дека сите дома имаме ножици како за хартија така и за појак/подебел материјал.
Прво како што рековме треба да обезбедиме картонски кутии. За да го изработиме самиот шпорет треба да најдеме 2 кутии – една помала и една поголема. Длабочината на кутиите траба да биде од 22-30 сантиметри. Внатрешниот дел на помалата кутија го фарбаме во црна боја. Поголемата кутија треба да биде за 5-7,5 сантиметри поширока во сите правци. Кога ја ставаме помалата кутија во поголемата, врвот на помалата кутија, треба да биде оддалечен од врвот на поголемата кутија за 2,5 сантиметри. Празнините помеѓу овие две кутии пополнете ги со стиропор – изолација. На интернет ќе најдете исти соларни шпориња, но наместо да се фарбаат со црна боја истите се обложени со алуминиумска фолија за готвење.
Колекторите исто така ги правите од подебел картон. Оно што треба да направите е да доколку имате посебна поголема кутија, истата треба да ја расклопите и картонот да го исечете според следната шема:
Од кога ќе ги исечете колекторите, според дадените димензии, истите ќе ги обложите со алуминиумска фолија и потоа ќе ги залепите. На крај поставете ги колекторите на „шпоретот“ и почнете со готвењето. Да не заборавиме уште нешто – поставете го стаклото на шпорето.
На интернет страницата, на кој што го најдов туторијалот не пишува колку степени може да развие овој сончев шпорет, но според сличните направени шпориња кој што се поставени на youtube истите можат да развијат температура до 200 степени Целзиусови. Па ете доколку имате време и сакате да експериментирате направете го и јавете ни како функционира!
2 Comments
Здраво
Здраво Предраг моето прашање е во врска со нешто друго. Дали можеби знаеш фирма во Македонија која откупува лисја за изработка на хартија? Или воопшто некоја слична информација? Поздрав!
Предраг Стојковски
Здраво,
Во моментот немам информации за тоа која компанија откупува хартија во Македонија. Доколку најдам информација истата ќе Ви ја препратам.
Поздрав!