Кога ќе го спомнеме терминот обновливи извори на енергија, прва асоцијација ни е сончева енергија, евентуално ветерна енергија. Но покрај овие видови на енергија постојат и други обновливи извори – геотермална, енергија на океаните, биомаса и биогас…итн. Искористувањето на овие обновливи извори е корисно од економски но и од еколошки аспект. Ги намалуваме сметките за електрична енергија и исто така ги намалуваме штетните емисии на CO2. Но исто така искористување на обновливи извори претставува и голем бизнис – од производство и трговија на опрема за искористување на обновливите извори, па до искористување на овие извори за добивање на енергија (електрична и топлинска) која што можеме да ја продаваме на пазарот.
Во овој текст ќе покушам да го споредам инвестирањето во соларна и централа на биогас за производство на електрична енергија. Да видиме што е поисплатливо – да ли да се инвестира во соларна централа или во биогас постојка. Централите ќе бидат со инсталиран капацитет од 50 kw. Споредбата ќе ги вклучи само цените на опремата која што е потребна за изградба на овие постројки – административните трошоци не се вклучени, трошоците на репроматеријал потребни за биогас постројката, трошоците на работната сила како ни инвестирање во земјиште доколку истото не е во вашата сопственост – значи само опрема! Признавам дека компарацијата не е целосна но сепак ќе ви даде потребни информации за инвестирање во обновливи извори на енергија.
Соларна централа 50 kw
Потребна локација од ≈ 1000 m2
Вкупна инвестиција ≈ 220.000,00 € (според просечни цени на македонскиот пазар)
Производство на електрична енергија – годишен ниво ≈ 68,000KWh
Вредност на произведената електрична енергија – годишен ниво≈ 20.400,00 (цена 0,3€)
Поврат на инвестицијата ≈ 11 години
Животниот век на соларната централа 25 години
Биогас централа 50 kw
Потребна локација од ≈ 1.500 m2
Број на крави кои што ќе даваат арско ѓубриво = 50
Или само зелена тревна маса 2.200 t
Вкупна инвестиција (само опрема) ≈ 207.000 €
Инвестицијата вклучува:
- Биогас дигестор 600 m3
- CHP Генератор 50 kw
- Сепаратор и гранулатор за органското ѓубриво
Производство на годишен ниво:
Производство на електрична енергија ≈ 440.000,00 KWh
Производство на топлинска енергија ≈ 528.000.00 KWh
Органско ѓубриво ≈ 600 t
Приход на годишен ниво:
Приход од електрична енергија ≈ 66.000 € (0,15 € по KWh)
Приход од топлинска енергија ≈ 52.800 € (0.10 € по KWh)
Приход од продажба на органско ѓубриво ≈ 60.000 € ( 100 € по t)
1. Вкупен приход ≈ 178.000 евра
2. Вкупен приход без приход од топлинска енергија ≈ 126.000,00 евра
1. Поврат на инвестицијата ≈ 1,16 години
2. Поврат на инвестицијата ≈ 1,62 години
Животниот век на вкупната опрема изнесува 15 години
Да нагласам дека во предвид е земено само инвестирањето во опрема. Административните трошоци не се земени во предвид, како ни трошоците на работната сила, и трошоците на суровината.
Пак ќе речам како на самиот почеток на текстот, ова е само делумен приказ на инвестирањето во обновливи извори на енергија – соларна и биогас, но се надевам дека барем донекада ви е појасна сликата околу тоа калкави парични средства морате да издвоите и колкави парични средства (приходи) можете да очекувате од овие централи.
4 Comments
Aleksandar
50 kW solarna centrala cinese okolu 200000 evra pred okolu cetiri godini, a momentalnata cena e okolu cetiri pati poniska!
Slobodan
Се ова убаво ама пак останува на богатите да инвеситраат за да си ги вртат парите и облагородуваат имотот. Кажете начин како ние сиромашните да се збогатиме?
kocov
mene poveke me trga bio gasot od pricina na toa deka so развојот на био гас се развива и сточарството на пример тогаш можи да имаме и некое си еко поврзано опшество, на пример се чуват фарми со свињи или за кококоши само за био гасот, кој освен што ке се користи за добивање на гориво а со тоа и на електрична енергија, ке можи да се користи и за добивање на метанол а со тоа и на пластични маси, значи еден цел поврзан систем од една страна се добива храна а од друга страна се добива гориво, и материјали, нормално не лошо наместо да се стават на таа штала кермачики кермади или некој друг покривач на покривот да се користат фото електрични покирвачи или т.н керамиди и со тоа да се добие целосно ефикасна штала која освен што прави храна прави и енергија за опшсетвото
kocov
Slobodan се од државата таа треба на некој начин да стимулира лугето од градот да се населуват во рулани места каде ке се имаа фарми за храна и за био гас само некако треба да се најди начин како лугето од градот да се однесат во село