Можеби кога го прочитавте насловот, си рековте : „абе какви соларни системи дај нешто да се загрееме, какви соларни системи, какви бакрачи“. Но сега е вистинското време да размислите за купување на соларен систем. Не само поради субвенциите кои што ќе ги дава Владата на Р.Македонија, туку и поради фактот дека цената на електричната енергија ќе се зголеми и наредната година.
Во голем дел на Македонија поради недостапност на гас и нефункционалноста на системите за централно греење, догревањето на санитарна вода се реализира со користење на електрична енергија. Вкупните трошоци за догревање на санитарната вода изнесуваат и до 30% од вкупните трошоци на електрична енергија во едно домаќинство. Еден од начините да ги намалиме овие сметки е да инсталираме соларен систем за догревање на санитарната вода.
Овие системи се застапени на македонскиот пазар. Истите се произведуваат во Македонија и на пазарот постојат повеќе реномирани производители на соларни системи. Но, доколку немате доволно парични средства, истите системи можете и сами да ги направите. Ние веќе имаме направено неколку туторијали за тоа како да си направите соларни системи.
Но, да се вратиме на тоа кои се предностите на инсталирањето на соларните системи. Пред сè, заштеда на електрична енергија. Наместо да ја користите електричната енергија, ќе ја искористите сончевата енергија за да ја загреете санитарната вода. Така на пример, во летниот период ги задоволува 90-100% на потребите за топла вода. Во есенскиот и пролетниот период тој процент се движи помеѓу 50-70%, додека во зимскиот период тој процент се движи помеѓу 10-25%.
Но, да видиме она што е најбитно – исплатливоста на инвестицијата. Прво што треба да видиме е колкав треба да биде капацитетот на бојлерот. Се зема просек од околу 50 литри на вода по член на едно домаќинство. Значи доколку се работи за 6-члено домаќинство, нѝ треба бојлер со капацитет од 300 литри. За еден таков бојлер нѝ треба соларен колектор со површина од 6 m2 – 3 колектори од по 2 m2.
Праксата покажа дека 1 m2 на соларен колектор, годишно генерира заштеда од околу 750 kWh или 4500 kWh ако имаме соларен колектор со површина од 6 m2. Ако овие бројки ги претвориме во пари, ги добиваме следните податоци:
Заштеда на соларниот колекторски систем 4.500 kWh = 8.550 денари (ако ја пресметаме по цена од 1.90 денари која што е цена на kWh во евтина тарифа)
Или 4500 kWh = 17.100 денари по скапа тарифа
Просечно 12.825 денари
Цената на еден ваков систем изнесува 90.000 денари (просечна цена на еден ваков колекторски систем во Македонија)
Време на поврат на инвестицијата; 7 години (по просечна заштеда 90.000/12.825). Да нагласам дека во цената на електричната енергија не е пресметана ангажирана моќност!
Животниот век на еден ваков колекторски систем изнесува 25 години, што значи дека по поврат на инвестицијата ќе имате 18 години на чист ќар или 338.850 денари.
Пак ќе се повторам, но сите мораме да знаеме дека цената на електрична енергија ќе расти секоја година, што значи дека поврат на инвестицијата ќе биде и помал од 7 години. За среќа сончевата енергија не се наплатува, искористете ја!
6 Comments
nane
Cenata na 1KW struja ne e 1.9den vo evtina tarifa,tuku 1.9+33,33%za prezemena aktivna energija+18%DDV=3den
1,9+33,33%+18%=3 den za evtina
3,8+33,33%+18%=6 den za skapa struja
Предраг Стојковски
Во текстот се вели дека не е вклучена ангажираната моќност во пресметката.
Dzevat
Dali znaete nekoja Makedonska kvalitetna firma sto postavuva soncevi kolektori bideeci sum zainteresiran da namestam vo mojot dom pozdr.
Игор Мишевски
Почитуван Џеват,
кажи ни за кој град ти треба компанија, за да ти дадеме предлог
Поздрав
Dzevat
Za Gostivar
Viktor
Dali moze da doznaam koja zemja e proizvoditel na ovie paneli sto vie ni gi nudite?