Иако е ова веќе стара вест (лето 2012 година), можеби ќе Ви дај идеја и Вие да направите нешто слично.
Браќата Роберт и Јосип Грабаревиќ од Суботица, по професија продавач и електроинженер, направија универзално еколошко возила за продажба на сладолед, кое што се движи и кое што се лади со помош на електрична енергија добиена од сончевите колектори. Оваа возило иако е да речеме едноставно, поседува најмодерна технологија – ЛЕД осветлување, славини на сензор, керок работна плоча и се друго што е потребно за едно возило за продажба на сладолед. Браќата за своето возило добија прва награда за иновација во Палиќ.
Возилото може да помине 40 километри со помош на поставените панели.
„Сакавме да започнеме работа која што не може да пропадне а тоа е продажба на сладолед. Сакавме да продаваме на море, но на пазарот не постојат возила со подвижни витрини, кој што ги исполнуваат нашите барања, затоа три години работевме на нашиот проект. Во меѓувреме се пријавивме на натпреварот за најдобрата иновација во Србија и очекуваме да победиме “, изјави Роберт Грабаревиќ.
„Со помош на сонцето можеме да поминеме 40 километри. Ги добивме сите потребни дозволи за работење, а кога ќе се создадат сите други услови, ќе направиме синџир на ваков вид на возила кој што ќе се возат низ цела Србија. Прототипот чини помеѓу 15.000 – 18.000 евра, па затоа планираме изработка на поевтини возила. Интересот е голем, не контактираа потенцијалните купувачи од Грција, Албанија, па дури и од Египет“, изјави Роберт Грабаревиќ.
„Поранешните возила не ги исполнуваат строгите санитарни и други услови. Благодарејќи на новата технологија имаме санитарна вода за основна хигиена и за перење на садови. Отпадната вода заминува во посебен резервоар кој што се редовно празни. Можеме да понесеме 25 литри на вода и се друго што имаат и други слаткарници или други продавници“, објаснува Роберт.
Извор: БЛИЦ