Босна е позната по квалитетно буково дрво, ќебапи, буреци и пити, на времето во оваа држава се произведуваше Голф 2, а од скоро во оваа држава ќе се произведуваат сончеви панели за производство на електрична енергија.
Во Приједор, наредната недела, ќе се започне со изградба на погон за производство на сончеви панели. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 3,2 милиони конвертибилни марки (околу 1,6 милиони евра).
Договорот за купопродажбата на земјиштето, на кое што ќе се изгради планираниот погон, е потпишан помеѓу градоначалникот на градот Приједор Марко Павиќ и Јовица Катиќ, косопственикот на компанијата „Премиум“ од Бања Лука, кој што ќе инвестира во овој погон.
Градоначалникот на градот Приједор, изјави дека оваа инвестиција е резултат на долгогодишната работа на локалните власти, на привлекување како на домашни така и на странски инвестиции.
„Го подржуваме овој договор бидејќи оваа инвестиција до прва треба да ги донесе очекуваните резултати. Република Српска веќе има донесено соодветна правна легислатива со која што се уредува областа на обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и биомаса.“, изјави Павиќ.
Директорот на компанијата „Премиум“, Јовица Катиќ, изјави дека со својот партнер од Германија, уште од 2009 година ја планираше оваа инвестиција и дека во Приједор ги пронајде условите за реализација на оваа инвестиција.
„За четири до пет месеци ќе се изгради производната хала, а првите панели ќе излезат за осум месеци. За прво време ќе вработиме 15 -18 работници, а кога погонот почне да работи со полн капацитет, ќе вработиме 39 работници. 80% од вкупното производство е наменето за извоз.“, изјави Катиќ.
Компанијата „Премиум“ од Приједор купи парцели, кој што се наоѓаат во индустриската зона Целпак, каде што се лоцирани и други парцели од 3.000 до 10.000 метри квадратни.
Извор: nezavisne.com
2 Comments
Трајче Трајчев
Фабрикава е за фундаментално производство, или само за склопување на ќелиите во панели? Од вас дознав дека во Македонија веќе имаме една фирма која склопува панели.
Предраг Стојковски
Здраво Трајче,
Сепак се работи за погон кој што ќе ги склопува сончевите ќелии во сончеви панели.