Се поголемиот раст на цената на електричната енергија и на нафтените деривати, скапата инвестиција за систем со дизел агрегати, нестабилноста на електро-дистрибутивната мрежа и проблемот со области кои се далеку од електроенергетскиот систем, не принудуваат да размислуваме за релевантни иновативни решенија кои би ги решиле сите овие проблеми. Обновливите извори на енергија се иднината како идеални решенија за сите енергетски цели. Токму обновливите извори на енергија, поради нивниот широк спектар на примена, допираат до сите сфери на живеењето.
Соларните извори на енергија се добар пример и одлично решение за земјоделските проблеми со наводнување на површините. Науката и практиката помагаат земјоделците да ги решат своите проблеми со изнаоѓање и патентирање на водни соларни пумпи. Тие се дизајнирани и работат на енергија која се добива од сончевата светлина.
Соларниот пумпен систем е составен од три компоненти:
1. Соларен генератор (модули)
2. Контролер за пумпата
3. Потопна пумпа
Главен извор на енергија, како што веќе рековме, е Сонцето кое преку соларните модули својата енергија ја претвора во електрична енергија. Оваа добиена енергија има еднонасочен напон со 30-35 V (волти) и 8-9,5 А (ампери). Еден модул поединечно има моќност од 235-250 М (вати). Димензионирањето на соодветниот систем за наводнување зависи од сончевото зрачење на локацијата каде што треба да се инсталира и режимот на работа на водната пумпа во текот на денот. Најчесто, за потребите на земјоделците, потребни се четири панели од по 250 М (вати).
Контролерот има единствена улога, а тоа е да ја контролира електричната енергија потребна за напојување на пумпата. Тој го регулира напонот, односно доколку има поголем напон, тогаш ја исклучува пумпата. Доколку има недостиг, исто така, ја исклучува пумпата од процесот на работење или го вклучува акумулаторскиот систем (доколку е инсталиран).
Соларната пумпа е основниот потрошувач на електрична енергија во овој систем. Тие работат на еднонасочен напон од 12^ до 90^ волти, во зависност од моделот на пумпата. Дизајнирани се да имаат минимална потрошувачка на електрична енергија и максимален работен капацитет. Во зависност од потребите, постојат различни модели на вакви пумпи со моќност од 380 М до 850 М и поголеми пумпи со намена за наводнување на големите површини, кои достигнуваат моќност до 3кМ.Во зависност од моделот на пумпата, постојат пумпи со различен капацитет од 60 л/мин, 80 л/мин, 100 л/мин, 150 л/мин, 200 л /мин, 250 л/мин, како и поголеми пумпи до 1.000 л/ мин. Номиналната висина што може да ја испумпаат во зависност од моделот се движи од 15 до 60 метри.
Овие соларни пумпи имаат широка примена во сите сегменти во земјоделството, бидејќи може да се користат за наводнување, за напојување на добитокот, како и за снабдување со вода на населби кои се далеку од електроенергетскиот систем. Но, главната причина поради која треба да се инсталираат вакви соларни пумпи, е огромната заштеда на електрична енергија. Би сакал да ја потенцирам и предноста во однос на можноста за нејзино поставување на места каде што нема електро-дистрибутивна мрежа, флексибилноста, заштедата на време и пари. Иднината ќе ја покаже и оправда насушната потреба од водни соларни пумпи во земјоделството.
Извор: Моја земја
2 Comments
Ловро
Problemot kaj pumpite za voda e sto e investicijata za solarni sistemi preskapa vo odnos na pompa so motor na dizel mnogu visoka i vtor golem problem e mobilnosta , ako ja ostavat vo niva prasanje e dali utredenta ke ja najdat
Mile
Da taka e … ama samoi vo Macedonia. Ne i vo razvieniot svet. Se izvinuvam ako nekogo navrediv!