Кај и да е ќе запролети, па поттикнати од цената на електричната енергија, зелените кредити и поттикнувањата на државата, ќе ви презентираме разлики во различните соларни системи за топла вода. Како што знаете, секој систем за користење на сончевата енергија за загревање на вода се состои од колектор и резервоар за топла вода.
Пренесувањата на топлинската енергија преку течност во сончевиот систем за греење може да се поделат според начинот на циркулација на водата на два начина и тоа: циркулација со пумпа (активен систем) или преку разликата на густината на водата при различна температура (thermosyphon, термосифонски или пасивен систем). Секој метод на циркулација има одредени предности и следствено нивната примена треба да биде соодветна на инсталацијата.
Пумпен систем
Пумпен систем, исто така е познат како активен или Сплит систем, користи пумпа за циркулација на водата помеѓу колекторот и водениот резервоар.
Во сплит системите или пумпните системи, протокот на вода е контролиран од страна на автоматски контролер кој ја управува пумпата. Со оглед дека помеѓу колекторот и резервоарот постои активна пумпа, овој системот е многу пофлексибилен.
Контролниот панел и пумпа заедно обезбедуваат подобрен систем кој нуди многу поголема контрола над максималните и минималните температури и вклучува функции како што се заштита од замрзнување и прегрејување. Овој систем е под притисок и покрај пумпата и контролерот бара и дополнителни елементи како што се експанзионен сад, неповратни вентили и др.
Термосифонски систем
Термосифонски систем, исто така познат како пасивен систем, не бара пумпа за циркулација на вода, но наместо тоа се потпира на разликата на густината на водата при различна температура, каде што потопла вода се издига до највисоката точка.
За овој систем да функционира, резервоарот мора да биде монтиран над колектор, во однос на хоризонталата.
Системот работи кога водата во колекторот се загрева. Загреаната вода станува помалку густа и се крева во рамките на системот, и се собира на највисоката точка во системот, која е во резервоарот. Ладната вода во резервоарот поради нејзината поголема густина ќе биде принудена да се симне на пониските делови на системот, имено на колекторот.
Бидејќи овој систем се потпира на принципите на физиката, не постои директна контрола врз циркулацијата на водата и оттаму е ограничена контролата над температурата на водата во резервоарот. Во типичен термосифонски систем се препорачува да постои и термостатски вентил за да се избегне многу висока температура на топлата вода.
Предност на пумпниот над термосифонскиот
- Поголема контрола над системот
- Супериорна ефикасност и долгорочност
- Флексибилност во позиционирање на резервоарот за чување вода
- Полесно се надминува замрзнување
- Полесно се избегнува прегревање на системот
Предност на термосифонскиот над пумпниот
- Едноставен систем без подесување (освен минимална автоматика)
- Поекономичен (побрз поврат на инвестицијата)
- Работи без електрична енергија
- Може да се користи со двете низок притисок и висок притисок
4 Comments
Dory
Последната реченица за термосифонски систем искрено не ја разбирам … можете барем да го препрочитате текстот пред да се објави
Игор Мишевски
Почитувана Дори,
Благодарам на забелешката, текстот беше по грешка објавен во нацрт верзија. Сега е исправено. Уште еднаш благодариме што не следиш
Поздрав
Љупчо
Браво дечки, кој нема да проба ке се кае, Поздрав
Pingback: Сончеви системи за топла вода - Енергетска ефикасност