Добивање на топлинска енергија со помош на Сонце, веќе подолг период претставува нешто што е познато и полека станува вообичаено во Македонија. Опремата и технологијата е позната и е достапна на пазарот по достапни цени. Додека во светот се користат сончеви системи кој што имаат голем и среден капаците, овие системи во Македонија се уште повеќе се користат во индивидуални домаќинства.
Предусловите за користење на сончевата енергија во Македонија се одлично, а основните причини за релативно слабо користење на поголеми системи се пред се недоволно познавање на технологијата, слаба информираност на бизнис секторот како и висока иницијална инвестиција.
За максимално користење на сончевата енергија, сончевите системи за топла вода, мораат да бидат наведнати во однос на географската ширина и страната на светот, за максимално искористување на сончевата енергија. На малите географски ширини (под 40°) околу 60-70% на потребите за топла санитарна вода можат да се задоволат со поставување на сончеви колектори за топла вода (до 60°C).
Како што пишувавме на сајтот, во прометот можете да ги најдете рамни колектори и колектори со вакумски цевки. За повеќе информации за сончевите системи за топла вода, можете да го преземете нашиот прирачник.