Можеби на другите сајтови читавте за куќата во Велс, која што потсетува на куќите на Хобитите од познатата филмска трилогија „Господарот на прстените“. Она што е заедничко за овие објекти е дека се имаат ниска потрошувачка на енергија и дека се изградени како земуници. Немам информации за Македонија но она што знам е дека сончевите земуници се градат кај нашите северните соседи – во Србија. Авторот на оваа куќа е академикот Вељко Милковиќ. Куќата е од трите страни вкопана во земја, како идеална топлинска обвивка. Од предната страна се наоѓаат големи отвори кој што ја пропуштаат светлината, а во зимскиот период имаат посебна задача во пасивното греење на објектот.
Заштедите кој што се создаваат на ваков начин се?
-Заштеди во ладење 100%
-Заштеди во греење 85%
-Заштеди во осветлувањето околу 30%
-Заштеди во градежниот материјал околу 10%
Самогрејната еколошка куќа е поразлична од класичните куќи пред се поради целосно новата концепција на греење – по пат на директно сончево зрачење и со максимално искористување на енергијата. Заштедата на енергијата се реализира по пат на користење на рефлектирачки површини – сјајни алуминиумски фолии, кој што се поставени над и по прозорските рамки. Сите други специфичности на овој објект произлегуваат од основното барање поврзано со максималното искористување и задржување на бесплатната сончевата енергија, па затоа се почна од основната претпоставка – куќата да биде вкопана во земја, насочена кон јужната страна и со голема отворена страна ориентирана кон југот поради максималната искористеност на сончевата енергија. Наредната фотографија го отсликува принципот на користењето на сончевата енергија во текот на зимскиот период.
За пасивното греење пишувавме во повеќе натписи. Уште еден податок кој што е интересен за соневите земуници е дека овие куќи имаат зелен покрив, кој што ја штити куќата од прегревање.
Авторот на овој проект е Вељко Милковиќ, истражувач и иноватор од Нови Сад. Правото на патентот е поднесен во 1977 година а последната во 2007 година со надградба и подобрена технологија на изградба.
Извор на текстот и фотографиите: efikasnost.org