ЕВН Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, договорија продлабочување на научната, апликативната и техничката соработка меѓу двете институции.
Ова беше договорено на работната средба на која присуствуваше Претседателот на Управен одбор на ЕВН Македонија, г-ин Вернер Хенгст и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Саша Митрев.
Предвидената соработката ќе значи заеднички проекти, но и одвивање на практична настава на студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, во капацитетите на ЕВН Македонија.
ЕВН Македонија, веќе има долногодишна соработка со Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, „Св. Климент Охрдиски“ од Битола, „Универзитеот на Југоисточна Европа“ од Тетово, и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Во оваа насока, ЕВН Македонија ќе продолжи да ги поддржува студентите од студиските насоки за електро енегетски системи, кои ќе имаат можност да бидат дел од програмите за стипендирање, пракса или Trainee програмата на ЕВН Македонија.