Нема сомнеж дека Новата година и Божиќ се празници, кој што не се многу енергетски ефикасни и кој што не се многу еколошки. Толку готвење, купување за само неколку денови во годината носат со себе и енормно трошење на енергија и со тоа и енормно големо загадување. Но тоа не мора да биде така. Еве неколку идеи кој што ќе Ви помогнат да го исконтролирате консумеризмот и да останете енергетски ефикасни.
- Купувајте LED декоративни светилки, кој што трошат до 90% помалку електрична енергија
- Доколку Новата година ја чекате надвор од Вашиот дом исклучете ги светилките, или пак активирајте го тајмерот за вклучување/исклучување на светилките. Нема никаква потреба да бидат вклучени додека не сте во Вашиот дом
- Искористете го интернетот за купување на поклони. Поголем број на озбилни продавници имаат своја веб презентација, а во рамките на истата имаат веб продавница, преку која што можете да ги најдете истите производи кој што ги има и во секоја продавница. На таков начин можете да си направите листа на производи кој што планирате да ги нарачате. На ваков начин ќе заштедете време, пари и гориво .
- Искористете ја Вашата имагинација кога ќе ги пакувате производите. Не морате да „фрлате“ пари на разни декоративни хартии и кеси за Вашите поклони – тие секако ќе завршат во контејнер.
- Користете ги вистинските садови, а не пластични или картонски. На ваков начин нема да создадете големо количество на отпад, а и ќе заштедете некој денар.
- Купете елка со корен (бусен). Пластичните елки не се „eco – friendly“. КОга ќе поминат празниците елката можете да ја засадете наместо да ја фрлите во контејнер.
- Праќајте електронски честитки наместо класични хартиени. На ваков начин нема да создадете дополнителен отпад, а и ќе ја намалете емисијата на штетните гасови + побрзо стигнуваат.