Градовите се еден од клучните фактори за постигнување на целите на одржливоста во Европската Унија. Според статистиката, 75% од вкупното население во ЕУ живее во градови, а овој тренд ќе продолжи во нагорна линија. Градовите се клучни за општествен, економски и претприемачки развој на Европската Унија. За да успеат во создавање на одржливи и здрави градови, во 2008 година е создаден Сојуз на градоначалници на ЕУ, се со единствена цел на давање на поддршка на локалните заедници за потребите на спроведување на политиката на одржливост. Во моментот 4.418 градови презедоа обврска во исполнувањето на веќе опште познати цели на ЕУ – 20/20/20 (20% намалени емисии, 20% обновлива енергија, 20% подобрување на енергетската ефикасност) до 2020 година. Најголем дел на градовите презедоа обврска на подобрување на енергетската ефикасност со подобрување на зградите, опремата, со континуирана работа со граѓаните и со други заинтересирани страни.
Меѓутоа градовите се соочуваат со неколку предизвици поради исполнувањето на овие цели. Најголемиот предизвик е континуиран раст на жителите кој што живеат во градови, како и предвиденото зголемување на потрошена електрична енергија по еден жител. Другиот предизвик е староста за изградените станбени објекти – најголемиот дел на станбените згради е изграден во периодот помеѓу 1960-1980 година, кога термо-изолацијата не беше вообичаена.
Вториот проблем, е да поголемиот дел на стручњаците кој што работат во градежната индустрија не е во целост запознаена со постоење на нови технологии и на нејзиниот ефект во зголемување на енергетската ефикасност на станбените објекти. Од друга страна, давателите на услугите развиваат зелени технологии кој што не се во целост ускладени со реалноста на денешните градови. Модерните и одржливи градови можат да се гледаат како голем комплексен систем во кој што постоечката и новата инфраструктура се интегрирани во урбан екосистем (граѓаните, транспортот, зградите и зелените површини). За граѓаните, комфорот и здравјето се можеби и поголеми и побитни цели од одржливоста.
Краток преглед на европскиот градежен фонд
Според проценатана Европската градежна технолошка платформа (ECTP – European Construction Technology Platform), Европа поседува околу 160 милиони згради. Од вкупниот број на станбени објекти, само 65.000 објекти се класифицирани како Пасивни куќи – 0,04% од вкупниот фонд. Само еден дел на Пасивните куќи поседува една или повеќе предложени технологии за кој што ќе зборуваме во овој текст. Од ова произлегува единствен заклучок – не е постигнат никаков ефект кога ќе го земеме во предвид вкупниот градежен фонд.
Денес, на годишен ниво се изградува само околу 1% на нови згради од постоечкиот градежен фонд. Во исто време околу 1,7% од постоечките згради се обновува на годишен ниво (вклучени се сите видови на реновирање од ситни до покрупни интервенции). Последните истражувања, покажаа дека процентот на реновирање мора да изнесува 3% од вкупниот градежен фонд. Со зголемувањето на стапката на реновирање на постоечките објекти, ќе се сменат регулаторните прописи и исто така ќе се смени и изборот на технологијата.
Една половина од вкупниот градежен фонд се наоѓа во северните и западните делови на ЕУ, додека 36% се наоѓа во јужните држави. Остатокот 14% се наоѓа во централни и источни држави. Интересно е да се наведе дека додека потрошувачката на енергија во станбените објекти опадна, потрошувачката енергија во деловните згради се зголеми за 74% во текот на последните 20 години.
Со просечната потрошувачка на енергија од 280 kWh по еден метер квадратен во нестанбени објекти (кој што опфаќаат 6,25 милијарди метри квадратни) и станбени објекти (со 18,75 милијарди метри квадратни површина) кој што трошат околу 40% помалку (170 kWh по еден метер квадратен на годишен ниво) лесно може да се пресмета колку енергија се троши, како и колку ќе биде заштедено доколку намалиме 40% од оваа вредност на цела Европа.
Во принцип, зградите се подобрувани во текот на минатите години, кога се однесува до енергетската ефикасност, што значи да постарите згради (доколку порано не биле реновирани) имаат повеќе потенцијал за унапредување во однос на новите објекти. Поголем дел на европскиот градежен фонд е изграден пред 1990 година, 40-50% на градежниот фонд потекнува од пред 1960 година и овие објекти би имале големи придобивки од релативно лесно изводливи мерки на подобрување на енергетската ефикасност.
Клучните иновации
За новите згради, кој што постигнуваат „нулта емисија“ постои голем број на проценки и конкретни проекти, кој што ни покажуваат дека трошоците на изградба на овие објекти е поскапа за 8% за разлика од „нормалните“ згради. Овие поголеми трошоци, се компензираат со поголема вредност која што ја добиваат од самите купувачи или пак од самите инвеститори. Од овие причини, најголемиот дел на експертите се согласува дека динамиката на самиот пазар во комбинација со регулаторните притисоци на новите објекти, ќе ја носочува индустријата да произведува станбени објекти со нула или пак со нула емисија од 2016 година па понатаму. Меѓутоа само 1% од вкупниот градежен фонд се зголемува со овој вид на објекти.
Доколку не сакаме да го чекаме животниот циклус на смена на старите објекти со нови (кој што според моменталната динамика на изградба на нови објекти ќе трае 100 години), тогаш ќе мораме поозбилно да се ангажираме со реновирање на стари објекти. И баш во процесот на реновирање на старите објекти, работите стануваат се поинтересни.
Трошоците на темелна реконструкција на објектите, вклучително и мерки за енергетска ефикасност, можат да чинат од неколку стотици до неколку илјади евра по еден метер квадратен. Горната граница (1000 евра) е близу или пак ги надминува трошоците на изградба на нови објекти. Од овие причини треба озбилно да се анализира кои мерки ќе се преземат во процесот на реновирање на стари објекти – да се преземаат оние мерки кој што се поисплатливи. Хемиската индустрија нуди неколку атрактивни решенија која што во комбинација со други решенија, можат да обезбедат значителни заштеди на енергија со прифатлив ниво на инвестиции.
Предлагаме комбинирање на пет решенија, предложени од страна на хемиската индустрија, која што можат да обезбедат значителни енергетскизаштеди:
- Рефлектирачки внатрешни премази
- Високо рефлектирачки и издржливи надворешни премази
- Фазно променливи материјали (PCM)
- Нови пени за изолација
- Други изолациони модули
Рефлектирачки внатрешни премази
Рефлектирајќи ја светлината подобро од нормалните бои, овие премази го максимираат чувството на просторноста и на осветленоста. Ова од друга страна ја намалува потребата за користење на енергија за осветлување.
Овие премази го оптимизираат користењето на природното и вештачкото осветлување и можат да ја задржат топлината на сончевото зрачење во зимските услови. Во најновите тестови, овие премази покажаа поголем животен век од 5 до 10 години без намалување на своите перформанси. Трошоците на овие премази се за нијанса поголеми од стандардните премази.
Високо рефлектирачки и издржливи надворешни премази
Овие премази ја рефлектираат радијацијата на сончевата светли, како во видливи, така и во невидливи деловите на сончевиот спектар. Кога ќе се применат на покривите и на надворешните ѕидови, овие премази ја рефлектираат рефлексијата на сончевата енергија. Со оваа карактеристика се намалува температурата на ѕидовите и на покривите/крововите, со што се намалуваат трошоците на греењето на покривите.
Високо рефлектирачки и издржливи надворешни премази, кој што се применети на покривите и на ѕидовите во потоплите климатски услови можат да ви донесат намалени трошоци до 15% – енергија за потребите на климатизација. Животниот век на овие премази изнесува 12-15 години од зависност од климата. Трошоците на примена на овие премази се пристапачни и нудат прифатлив поврат на инвестицијата.
Фазно променливи материјали
Фазно промелниви материјали (PCM – Phase Change Materials) се веќе присутни на пазарот како активна состојка на различни репроматеријали: гипс, цемент, гипсени плочи и мултифункционални ѕидни и покривни модули. Кога ќе се користат во внатрешните ѕидови и/или плафони, овие материјали овозможуваат да ја складираат и апсорбираат топлината во текот на денот (вишокот на топлината) за да во текот на ноќта полека ја испушта.
Овие материјали ја зголемуваат топлинската инерција на ѕидовите и на плафонот, правејќи ги да се однесуваат како дебели ѕидови во старите објекти. Овие материјали ја намалуваат осцилацијата на внатрешната температура и со тоа штедат енергија.
Според последните истражувања и направените тестови, фазно променливи материјали покажаа дека имаат животен век од 30 години без менување на перформанси. Во конкретни случаеви можат да заштедат до 10% на енергија.
Напредни пени за изолација
Напредни пени за изолација со високи перформанси, овозможуваат значителни енергетски заштеди и можат да бидат прилагодени на различни видови на станбени објекти. Се проценува дека овие пени можат да ги намалат трошоците за греење од 30% до 80%.
Продолжува….
Извор: build.rs