Министерството за енергетика, развој и заштита на човековата средина на Република Србија, спрема проект со кој што ќе се овозможи замена на 4.000 котли за греење со вкупна инсталирана моќност од околу 1 GW. Наместо струја или фосилни горива, новите котли ќе користат биомаса како основно гориво.
„Проценуваме дека вредноста на проектот ќе изнесува околу 250 милиони евра. Истиот ќе го реализираме сукцесивно – во наредните 5 години. Проценуваме дека инвестицијата ќе ни се врати во период од 7 години„ изјави Предраг Милановиќ советник во надлежното министерство, на стручниот собир посветен на биомаса, кои што се случи на Саемот за заштита на животната средина – Ecofair во Белград. Советникот не има прецизирано кога ќе се започни со реализацијата на овој енергетски проект.
Според него во Србија постои можност на замена на околу 4.000 котли со поединечна инсталирана снага од 100 до 1.000 KW. Доколку овие котли се сменат со котли кои што користат биомаса како гориво, емисијата на CO2 ќе се намали за повеќе од 330.000 тони на годишен ниво. Исто така советникот прецизира дека се планира замена на барем еден котел во секоја општина.
„Јавните установи се нашата примарна група, но размислуваме да го вклучиме и приватниот сектор во реализација на планираниот проект. Во проектот ќе бидат вклучени и компаниите кои што произведуваат стандардизирана биомаса за потребите на планираните котли.„ изјави Милановиќ.
Проектот планира отворање на посебна компанија која што ќе го прати инсталирањето на котлите. Исто така компанијата ќе ја прати ефикасноста на работењето на истите, поточно ќе ја прати потрошувачката на биомасата, како и намалувањето на штетните емисии на CO2.
Министерство за енергетика, развој и заштита на човековата средина на Република Србија, ќе ја надзира реализацијата на планираниот проект а финансиите ќе бидат обезбедени преку поволни кредитни линии од страна на државата.
Целиот потфат на планираната замена на котли ќе даде основа за реализација на други два проекти за искористување на биомаса кои што се сè уште во фаза на подготовка, а ќе бидат финансирани од страна на UNDP и од страна на германските KfW и GIZ.