Предлогот на Законот за ефикасно користење на енергијата, со кој што ќе се стимулира рационалната и одржливата употреба на истата, стигна во српската скупштина.
Според објаснувањата од Министерството на енергетика на Република Србија, кое што го и предложи предлогот на законот, истиот треба да го обезбеди реализирањето на целта да се заштеди најмалку девет проценти на бруто финалната потрошувачка на енергијата до 2018 година, а планирано е и намалување на негативните емисии на CO2 за исто така за девет проценти до 2030 година.
Србија е држава која што е високо зависна од увозот на енергенти, дури 33,6% се увезува, а емисијата на негативните гасови која што доаѓа од енергетскиот сектор изнесува околу 76%.
Во Србија постои, 120 компании од индустрискиот сектор, 20 градежни компании, 160 општини со повеќе од 20.000 жители кој што го прифатија системот на енергетскиот менаџмент, а се според Студијата за имплементирање на системот на енергетскиот менаџмент.
Дејан Трифуновиќ, помошникот на министерот на српското министерство за енергетика, изјави дека тој очекува дека законот треба да се применува од јануари 2014 година, кога ќе се воспостави посебен буџетски фонд за унапредување на енергетска ефикасност. Новината во предложениот закон ќе биде и воведување на еко дизајн, а енергетската ефикасност ќе биде еден од критериумите во јавните набавки.
Законот воведува организирано управување со енергија, енергетски прегледи на објектите, означување на производи кој што имаат значајно влијание на потрошувачката на енергија, како и минималните барања во поглед на енергетската ефикасност.
Локалната самоуправа со повеќе од 20.000 жители, ќе мораат да донесат програми за унапредување на енергетската ефикасност во транспортниот сектор за период од три години.
Како што велат од Министерството за енергетика, новиот закон ќе ја подобри сигурноста во снабдувањето на енергијата, ќе ја намали увозната зависност, ќе ја зголеми конкурентноста на стопанството како и стандардот на граѓаните.
Имплементацијата на законот, ќе создаде услови за вработување на високо стручни кадри и исто така ќе овозможи полесно исполнување на преземените обврски во погледот на искористувањето на обновливите извори на енергија.