Предлогот на измени на Законот за енергетика, ко што е од оваа недела достапен на сајтот на српското Министерство за енергетика, ќе ги елиминира 85% на неправилност во постоечката легислатива и ќе ги елиминира неусогласеностите во системската легислатива, изјави советникот на српската министерка за енергетика, Љубомир Аксентијевиќ , на собирот „Банкарскиот сектор и инвестиции во обновливи извори на енергија“.
Тој исто така додаде дека ЕУ го ограничи инвестирањето во термо-секторот поточно ги ограничува инвестициите во нови термо централи на јаглен. Планот на ЕУ е да во периодот од 2017-2027 се угасат централи со „големи ложишта“.
Ќе биде дозволено користење на таканаречен „чист јаглен“, од економска страна гледано инвестиција која што е на граница на рентабилност, па од тие причини ќе инвестираат само оние кој што можат да си дозволат инвестирање во термоцентрали, бидејќи најмалата излезна цена за електрична енергија добиена од еден ваков капацитет ќе изнесува помеѓу 7 и 9 евро центи. За споредба, денешната цена изнесува околу 5,5 евро центи.
Според мислењето на Љубомир Аксентијевиќ, Србија до 2027 година треба да „угаси 1095 мегавати“, со тоа што некои термоцентрали можат технолошки да се осовременат за производство на електрична енергија од медицински отпад, и друг вид на еколошки отпад, исто како што работи Маздар во Обединети Арапски Емирати.
Учеството на зелената енергија до 2020 година треба да изнесува 27 од вкупното домашно производство, што претставува инвестиција која што изнесува помеѓу 4 и 6 милијарди евра.
„Алтернативата е во зелената енергија, што значи дека ќе мораме да направиме хидроцентрали, а решението е во изградба на реверзибилни хидроцентрали, во нови современи термоцентрали а планиравме да направиме две такви централи од кој што една ќе биде лоцирана во Костолац“, изјави Љубомир Аксентијевиќ.
Извор: РТВ