За околу три месеци 4,8 милиони граѓани на Република Србија ќе станат акционери на српското електростопанство – ЕПС. Вредноста на акциите кој што ќе ги добијат се проценува на нешто повеќе од 100 евра, пренесува српскиот весник „Блиц“.
Српска министерка за енергетика Зорана Михајловиќ најави дека ЕПС ќе се трансформира во акционерско друштво во првите 3 месеци од оваа година.
„Трансформацијата ќе му овозможи на српските граѓани да добијат бесплатни акции на ЕПС. Колкава ќе биде вредноста на акциите ќе се знај по направената трансформација.“, изјави министерката Зорана Михајловиќ и додаде дека ЕПС е компанија која што може да има висока вредност на акциите.
Во брокерската куќа “Sinteza invest grupa” проценуваат дека ЕПС вредни помеѓу 3 и 4 милијарди евра.
„Според оваа пресметка, која вклучува и ризик во земјата и моменталната состојба на берзата, на граѓаните ќе им припадне околу 15% на ЕПС или 525 милиони евра. Секој во просек ќе добие околу 100 евра.“, изјави главниот брокер Мирослав Радаковиќ.
Тој објаснува дека направената проценка на ЕПС е се уште релативна, бидејќи се уште се чекаат деловните информации од минатата година.
„Очекуваните приходи во 2013 година се проценуваат на околу 1,9 милијарди евра. Бидејќи цената на kWh во моментот изнесува околу 5,4 евро центи и е најниска во Европа. Се очекува дека во наредните 2-4 години цената на kWh ќе се нивелира со регионалниот просек кој што изнесува околу 8,5 евро центи“, оценува Радаковиќ.
„За да компанијата има оддржлив развој, цената на електричната енергија треба да се зголеми за 20-30% а доколку во предвид се земе регионалниот просек, тога компанијата ќе има силен раст на приходи – за 40-50%.“, изјави Радаковиќ и додава дека сите овие параметри имаат влијание на вредноста на компанијата.
ЕПС ќе биде трето државно претпријатие кое што ќе дели бесплатни акции. Граѓаните во 2010 година добија по пет акции на НИС (Нафтна индустрија) кој што денес вредат 4,700 денари (40 евра). Во 2011 година добија по една акција на Аеродромот „Никола Тесла“ која што во моментот вреди 500 денари (околу 4 евра).
Граѓаните кој што имаат право на бесплатни акции треба да добијат и акции во вредност од 70 евра од „Телеком“. Вкупната вредност на акциите кој што ќе ги добијат од државните компании изнесува околу 240 евра.
Извор: Б92