Да ли некогаш сонувавте да не добивате сметки за електрична енергија? Ова не мора да остане само на соништа, туку истиот можете да го реализирате со инсталирање на систем кој што користи сончева енергија.
Кога градите објект секогаш можете да одлучите – да ли истиот ќе го приклучите на мрежа или пак објектот ќе има сопствен систем за производство и напојување на електрична енергија.
Доколку се одлучивте за поставување на автономен, off – grid систем, треба да ја знаете просечната и максималната месечната потрошувачка на електрична енергија. За да го направиме ова, треба да направете список на сите електрични уреди – нивната инсталирана моќност како и просечното време на нивното работење во текот на денот. Кај уредите како што се ладилниците, отприлика се знае нивната дневна потрошувачка, така да е доволно да се знае бројот на овие уреди.
Другата битна работа врзана за off – grid системи е складирање на вишокот на енергијата. Она што мораме да знаеме за батериите кој што се поврзани со сончевите панели, е да тие ја немаат 100% ефикасност, туку нивната ефикасност се движи помеѓу 85 – 95%. Исто така што треба да знаете во врска со складирањето на енергијата е дека батериите можат да се испразнат до 50% од својот капацитет. Под тој капацитет доаѓа до трајното оштетување на батериските ќелии.
Батеријата се полни и празни под контрола на посебен електронски уред – контролер или регулатор на полнење. Она што е заедничко за off – grid и grid – tie системи се сончевите панели (фотоволтаици) и инвертори.
Кога се работи за сончевите панели пожелно е да бидат монокристални или поликристални. За помали енергетски потрошувачи можат да се искористат и аморфни сончеви панели.
Што се однесува до инверторите тие се различни за off – grid и grid – tie системи. Исто така тие се разликуваат и по својата AC номиналната моќност и DC напонот. Кај автономните системи постојат инвертори кој што во себе имаат и контролери за полнење. Покрај тоа постојат и DC-DC инвертори кој што имаат примена во системите на видео надзор, осветлување…..
Компанијата ЕКО-БИОФОРУМ ДОО во своја понуда има комплетни off- grid системи, идеални за викендици како и за оние објекти кој што се оддалечени од преносната мрежа.
Системот во себе содржи поликристални (или монокристални) панели.
Систем за складирање на произведената енергија
Инвертори со висока моќност и ефикасност
Контактирајте не и заедно ќе го креираме системот за независно снабдување на електрична енергија