Можеби мислиме дека нема што не знаеме за стиропорот. И на нашиот сајт повеќе пати пишувавме за овој популарен термо изолационене материјал. Стиропорот е еден од најкористените материјали за изолација на објекти и елементи и тоа не во последните 10 години туку во последните 40 години. Основната идеја беше да се создаде лесен и евтин материјал, едноставен за употреба и транспорт и во исто време, материјал кој што нема големи негативни влијаниа на природната средина.
Кога зборуваме за стиропор, ние всушност зборуваме за производ кој што се нарекува EPS– експандиран полистирен. EPS е изолационен материјал кој што се користи како за топлинска така и за звучна изолација. Најголемата примена на EPS е во градешниот сектор, но исто така овој материјал си најде своја примена во пакување на различни производи, особено на електрични уреди за домаќинство. На годишен ниво, во Европа се произведува околу 35.000.000 m3 на стиропор.
Инаку EPS е патентиран од страна на германскиот концерн BASF уште во далечната 1954 година и истата година почна со производство на материјал под заштитено име STIROPOR. Како материјал има извонредни топлинско изолациони карактеристики l = 0.041-0.035 V / mK. Исто така поседува извонредни механички карактеристики. Поради овие фактори како и поради ниската цена, погодноста на транспорт и едноставна примена, овој материјал е на прво место на потрошувачна на термо изолациони материјали.
Производниот процес
Стиропорот се произведува од мали гранули на полистирен, кој што визуелно наликува на шекер, она што е најбитно е дека овие гранули во себе содржат 6-8% пентан. Полистирен се добива како производ од преработката на нафта и како таков се испоручува на производителите на стиропор. Самиот процес на производство на стиропор поминува низ 7 фази
1. Складирање на осовната суровина
Освновната суровина – полистирен се доставува во картонски контејнери.Полистиренот е запакуван во PE фолија со цел да не дојде до испуштање на пентанот во надворешната средина.
2. Производство на ткн. „пуфки“ од стиропор
Во уредот кој што се нарекува предекспандер гранулите на полистирен под влијанието на пареата експандираат зголемувајќи го својот волумен 20-40 пати.
3. Склана „пувките“ во посебни силоси
Гранулите на стиропор се складираат во силоси каде што седат 6-24h поради нивната стабилизација
4. Производство на блокови од стиропор
Од кога ќе одлежат во силосот, гранулите се транспортираат до машините за производство на блокови. Во овие уреди се создава компактен материјал кој што има густина од 12-30 kg/m3 .
5. Складирање на блокови на стиропор
Од како што ќе се произведат во блок форма, стиропорот се транспортира во складиште каде што мора да одлежи од 7 до 45 дена.
6. Сечење на стиропор блокови во плочи
Од како што блоковите одлежаа во складиштето истите се транспортираат до машините за сечење на стиропор. Стиропорот се сечи во плочи со дебелина од 1-50 cm. Готовите плочи се пакуваат во пакети кој што се замотани со PE фолија.
7. Складирање на готовите производи
Готовите производи се складираат во складиште каде што се сортирани според дебелината и видот на стиропор. Стиропорот се класифицира според неговата специфичната тежина и според неговата топлинската спроводливост. Така на пример за стиропор со дебелина од 5 cm имаме:
13 325 gr
14 350 gr
15 375 gr
16 400 gr
17 425 gr
18 450 gr
19 475 gr
20 500 gr
Од друга страна одредени производители на стиропор како што е Austrotherm своите стиропори ги класифицира според отпорноста на притисок па така тој ги класифицира како A30, AF, A100, A120 (120 kPa (12 t/m2))
Извор: https://www.gradjevinainfo.com/pojmovi/s/stiropor-ploce/